Кошаркарите на Бостон се пласираа во полуфиналето на плеј-офот на Источната конференција на НБА лигата, откако на гостински терен славеа против Атланта со 128:120 и со тоа ја добија серијата со 4:2. Бостон ќе игра во полуфиналето против Филаделфија.
Џејлен Браун ги предводеше Селтикси на овој меч со 32 поени, Тејтум забележа 30 поени и 14 скока, Маркус Смарт додаде 22, додека Ал Хорфорд мечот го заврши со десет поени и 12 скока.
Тре Јанг беше најефикасен кај Атланта со 30 поени и десет асистенции, но во последните две четвртини промаши 12 од 13 шута. Деандре Хантер постигна 20 поени, Џон Колинс 16, додека Богдановиќ за 20 минути на теренот постигна 12 поени.