Кошаркарите на Денвер и Феникс се пласираа во полуфиналето на плеј-офот на Западната конференција во НБА лигата. Утрово во петтиот натпревар од првата рунда на плеј-офот во Западот, Денвер ја совладаа Минесота со 112:109 и со тоа ја доби серијата од првото коло од плеј-офот против Минесота со 4:1.
Во полуфиналето на Западната конференција Денвер ќе игра против Феникс, кој во петтиот натпревар го совлада Лос Анџелес Клиперс со 136:130 и исто така ја доби серијата со 4:1.
Кошаркарите на Атланта го победија Бостон со 119:117 и намалија на 2:3 во серијата од првото коло на плеј-офот на Истокот.