Author: saso

Постигнувајќи гол синоќа на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите во Минхен против Баерн (1:1), напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд стигна до бројката од 35 гола во елитното натпреварување на Стариот континент. Норвешкиот гогетер на тој начин стана најмладиот играч кој постигнал 35 гола, а воедно и најбрзиот според бројот на одиграни натпревари. Халанд со 22 години и 272 дена стигна до бројката од 35 гола во ЛШ, соборувајќи го досегашниот рекорд на Килијан Мбапе, кој до оваа бројка стигна со 23 години и 260 дена. Уште поимпресивен е податокот дека Норвежанецот на само 27 настапи во ЛШ…

Read More

Шпанскиот весник „Ас“, објави дека Карим Бензема го обновил договорот со Реал (М) на уште една сезона откако шпанскиот клуб ја активирал таканаречената „клаузула Златна топка“, која му овозможува на Флорентино Перез автоматски да го продолжи договорот со францускиот напаѓач. Бензема во Реал е од 2009 година.

Read More

Лигашката одбојкарска сезона влегува во завршна фаза. Пред нас се финалните серии во сениорските првенствени конкуренции по коишто ќе бидат прогласени прваците за сезоната 2022/23. Струмица Никоб и ГОК Борец денеска ја почнуваат финалната серија кај мажите. Мечот се игра од 18 часот и 30 минути во салата „Парк“. Ден потоа првиот натпревар во серијата до три победи ќе го одиграат Работнички Скопје и Јанта волеј во рамките на женското финале. Прва лига (мажи), финале Струмица Никоб – ГОК Борец (четврток 18.30, МРТ-3)

Read More

Екипата на Бенфика не успеа да направи сензација со пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Португалците се елиминирани од Интер, но годинава резултатски беа еден од најдобрите тимови во најсилното европско натпреварување. Имено момците на Роџер Шмит на 14 натпревари во ЛШ имаа само еден пораз и тоа оној од Интер на домашен терен. „На овој турнир се претставивме одлично, загубивме само еднаш во 14 натпревари. За жал, тоа беше многу важен натпревар. Не можевме да играме со иста концентрација и интензитет на домашен терен. Ми се допадна она што го видов денеска. Тимот веруваше во себе и не…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите по рекорден десеттипат како менаџер, вели дека дуелите со Баерн беа исклучително тешки. „Многу сум среќен што третпат по ред ќе играме во полуфиналето“, изјави Гвардиола. „Баерн не не изненади, видовте колку се добри. Клучни во таквите натпревари се деталите. Во тие два натпревари, во вистински моменти, бевме израмнети. Во вториот дел коригиравме некои работи и од првата минута од вториот дел почувствувавме дека ја контролираме играта“, изјави Гвардиола. Менаџерот призна дека неговите играчи се уморни пред полуфиналето на ФА Купот овој викенд против Шефилд Јунајтед…

Read More

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, очекувано беше многу разочаран од ремито 1:1 во реваншот со Манчестер Сити и елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите. Тој смета дека на Баварците им недостигала среќа, а вкупниот резултат на двата натпревари не е реален. „Повторно го надигравме Сити. Бевме подобри отколку во Манчестер. Но, како и минатата недела, ни недостигаше малку среќа да ги свртиме работите во наша корист. Многу сум задоволен од настапот на моите играчи. Наидовме против тим во најдобра форма во цела Европа, но бевме на исто ниво со нив. Сепак, сезоната продолжува и сега ќе се…

Read More

Претседателот на Интер, Стивен Жанг негира дека би ќе влезе во процес на продажба на италијанскиот клуб. Интер се радува на полуфиналето во Лигата на шампионите, откако во синоќа ја исфрли Бенфика од турнирот. Така, италијанскиот голем клуб повторно е меѓу најдобрите во Европа, а тоа е достигнување што носи голема радост во Милано. Претседателот на Интер, Стивен Жанг, демантираше дека има процес за продажба на „нероаѕурите“. „На сите ни значи многу ова полуфинале во Лигата на шампионите. Во моментов мислиме на тоа. Не, не сме разговарале за продажба. Целосно сме фокусирани да одиме напред“, вели Жанг. Интер оваа сезона…

Read More

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните натпревари против репрезентациите на Луксембург и Турција во рамки на квалификациите за ЕП 2024. На списокот се најдоа 21 ракометар. Во рамки на ЕХФ Неделата сениорите играат прво во Луксембург на 26 април во 20:15 часот, а на 30 април во СЦ “Борис Трајковски” со почеток во 18:00 часот ќе го оддиграат и последниот натпревар во квалификацискиот циклус против репрезентацијата на Турција.

Read More

Документарниот филм за македонската, балканската и светската фудбалска легенда, Дарко Панчев, во понеделник на 24 април ќе ја доживее својата светска промоција, токму во Скопје. Нашата метропола, каде започна блескавата фудбалска кариера на голгетерот на Вардар, Црвена Звезда, македонската и екс-југословенската фудбалска сцена, ќе ги пречека гостите поканети на промотивното прикажување на филмот „ПАТОТ НА КОБРА ДО ЅВЕЗДИТЕ“ кој во изминатиот период го снимаа и продуцираа Спортклуб телевизија, Спорт Нетворк Продукција и Спортското радио 90.3 фм. Промотивното прикажување на филмот ќе се случи во хотелот „Александар Палас“ в понеделник пред голем број поканети гости, новинари, спортски работници, екс-фудбалски ѕвезди, соиграчи…

Read More

Пред дербито во Втора лига меѓу Воска Спорт и Вардар, домашниот тим им забрани на навивачите на Вардар да допатуваат на средбата во Охрид. Денеска со реакција се огласија и од редовите на „црвено-црните“. „Во недела, го играме најважниот натпревар, против екипата на Воска. Како вистински домаќини, секогаш сме правеле напор, заедно со нашата навивачка група – Комити Запад, да обезбедиме присуство на гостински навивачи, на нашиот стадион. Затоа, очекуваме дека управата на ФК Воска ќе постапи согласно спортската здрава логика и дека ќе дозволи влез на нашите навивачи на стадионот во Охрид, бидејќи сите сме свесни дека постојат објективни…

Read More