Кошаркарите на МЗТ Скопје А. ја совладаа Цибона со 87:74 во последното коло од регуларниот дел од сезоната во АБА лигата и останаа во трка за опстанок во елитното регионално натпреварување. Пред МЗТ Скопје А. сега е да чекаат од Будуќност да го совлада Борац во утрешниот дуел за да избегаат од последното место на табелата. Аеродромци денеска лошо го отворија натпреварот и во првото полувреме гостите успеаја да направат одлична предност и на одмор да заминат со 12 поени предност, 41:53. Во третиот период следуваше експлозија на „металците“, кои во 10 минути го надиграа гостинот од Хрватска и направија…
Author: saso
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани се споменува како главен фаворит за менаџерското место на клупата на Тотенхем. Поранешниот капитен на Манчестер Сити ги освои фановте со начинот на кој го трансформираше Барнли и го врати во Премиер лигата. Претседателот на Спарси, Даниел Леви, е воодушевен од она што го направи Компани и затоа инсистира управата да го доведе на кормилото. Ако не успеат, лондончани имаат план Б со Јулијан Нагелсман или Рубен Аморим.
Нашиот Игор Стефановски-Иџе го почнува својот нов предизвик за оваа година. Тој ќе се трка во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), кој оваа година има 10 трки. Првата трка ќе се вози претстојниов викенд во Франција. Оваа трка традиционално е првата страница на Европскиот шампионат. Пријавени се 190 натпреварувачи од кои Иџе е единствениот Македонец. Бројката на пријавени натпреварувачи, укажува дека конкуренцијата оваа година ќе биде пожестока. „Време е за првата трка оваа година“, вели автомобилскиот ас Стефановски. Тој споделува дека ќе вози со возилото од минатата година Хјундаи i30N TCR, кое дополнително се подготвуваше во текот на зимската…
Рафаел Надал најверојатно нема да игра ниту на турнирот во Барселона следната недела, пишува „Марка“. Надал одлучил дополнително да работи на опоравување за да биде стопроцентно подготвен за најважниот турнир во сезоната – Ролан Гарос, каде на крајот на мај и почетокот на јуни ќе се обиде да ја освои својата 15-та титула. Информациите велат дека Надал ќе му се врати на тенисот на 26 април, на Мастерсот во Мадрид.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас синоќа одигра 90 минути за Наполи во поразот од Милан во четвртфиналето во Лигата на шампионите (1-0). Нашиот репрезентативец по мечот даде изјава за италијанските медиуми во која меѓу другото зборуваше и за новата улога која ја доби во тимот синоќа, на центарфорската позиција. „Можеме да направиме пресврт на нашиот стадион. Мислам дека добро се најдов како прв напаѓач. Кога пристигнавме овде, знаевме дека Милан е силен тим. Одигравме добар натпревар, ќе мора да го повториме и на Марадона. Сите натпревари се тешки и ќе недостасуваат важните играчи“, вели Елмас, кој имаше забелешки на судењето: „Не…
Управата на германскиот шампион Баерн разговарала за опциите за казнување на Садио Мане затоа што го удрил Лерој Сане во лице по мечот со Манчестер Сити. Претходно беше објавено дека по натпреварот Мане во соблекувалната нападнал Сане и го удрил во лицето и му ја раскрварил усната. Според германските медиуми, во Минхен се разговарало за можните опции за казнување на Сенегалецот, вклучувајќи парична казна, суспензија, па дури и раскин на договорот. Садио денеска пристигна на тренинг на Баерн и се очекува да се извини за инцидентот пред сите соиграчи од тимот.
Баерн Минхен го обезбеди своето прво засилување за следната сезона. Станува збор за играчот од средниот ред ма РБ Лајпциг, Конрад Лајмер кој го потпиша својот договор со Баварците, објави Билд. 25-годишниот Австриец се обврза на договор до летото 2027 година. Тој во Минхен доаѓа како слободен играч од РБ Лајпциг. Поранешниот тренер на Баварците Џулијан Нагелсман беше заинтересиран за потписот на Лајмер, а клубот дури и се обиде да го ангажира минатото лето.
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ја прокоментира победата од 2:0 над Челзи во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. „Секогаш кога играте во елиминации, чувствувате дека сте можеле и требало однапред да ги исчистите сите прашалници. Челзи за малку ќе постигнеше гол на крајот. Добивме добар резултат, но загрижува фактот што не постигнавме трет, а можеби и четврти гол. Се надевам дека нема да зажалиме за тоа следната недела“, изјави Куртоа.
Руди Гарсија повеќе не е тренер на Ал Наср. Саудискиот тим за кој настапува Кристијано Роналдо, реши да го смени тренерот поради слабите резултати кои ја доведуваат во прашање шансата за титулата. Сепак, според некои извори, лошиот однос кој францускиот стратег го имал со фудбалерите е вистинската причина за заминувањето. „Марка“ наведува дека за Гарсија одлучил конфликтот што го имал со играчите во соблекувалната и истакнува дека под знак прашалник е дали клубот ќе успее да ги исполни целите. На седум кола пред крајот на првенството Ал Наср го зазема второто место со три бода помалку од водечкиот Ал Итихад.
Кошаркарите на Атланта и ЛА Лејкерс се изборија за место во плеј-офот откако синоќа славеа на првите средби од плеј-ин турнирот. Атланта пласираше во плеј-офот, откако на гости направи големо изненадување совладувајќи го Мајами со 116:105. Пласман во плеј-офот изборија и кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс кои по продолжение ја совладаа Минесота со 108:102. Треј Јанг беше најефикасен со 25 поени, осум скока и седум асистенции во победата на Хокси, додека Дежонте Мареј постигна 18 поени. Лидер во победата кај Лејкерси беше Леброн Џејмс со 30 поени, 10 скока и шест асистенции, а Ентони Дејвис имаше дабл-дабл со 24 поени…
