Кошаркарите на Атланта и ЛА Лејкерс се изборија за место во плеј-офот откако синоќа славеа на првите средби од плеј-ин турнирот. Атланта пласираше во плеј-офот, откако на гости направи големо изненадување совладувајќи го Мајами со 116:105. Пласман во плеј-офот изборија и кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс кои по продолжение ја совладаа Минесота со 108:102.
Треј Јанг беше најефикасен со 25 поени, осум скока и седум асистенции во победата на Хокси, додека Дежонте Мареј постигна 18 поени. Лидер во победата кај Лејкерси беше Леброн Џејмс со 30 поени, 10 скока и шест асистенции, а Ентони Дејвис имаше дабл-дабл со 24 поени и 15 скока.
Лејкерси од седмото место во Западната конференција одат во плеј-офот каде ги чека екипата на Мемфис, додека Атланта во плеј-офот ќе игра со Бостон.
Минесота во битката за осмото место ќе игра со победникот од пресметката меѓу Њу Орлеанс и Оклахома, а Мајами ќе има уште една шанса за плеј-оф и тоа против победникот од пресметката меѓу Торонто и Чикаго.