По одигрувањето на синоќешните последни дуели од плеј-ин делот во НБА лигата, веќе се познати компетните двојки за првата рунда од НБА плеј-офот. Возбудувањата ќе почнат уште вечерва во 19 часот со првиот меч меѓу Филаделфија и Бруклин, а веднаш по нив од 21.30 часот во Бостон ќе се сретнат домашните Селтикс и екипата на Атланта.
Во продолжение комплетните плеј-оф двојки од првата рунда во двете конференции:
НБА ПЛЕЈ-ОФ
Запад:
Денвер – Минесота,
Феникс – ЛА Клиперс,
Сакраменто – Голден Стејт
Мемфис – ЛА Лејкерс.
Исток:
Милвоки – Мајами,
Кливленд – Њујорк,
Филаделфија – Бруклин
Бостон – Атланта