Британскиот боксер Ентони Џошуа го победи Американецот Џермејн Френклин со едногласна одлука по 12 рунди од борбата во тешка категорија во О2 арената во Лондон.
Ова беше прва победа за Џошуа по двата последователни порази од Украинецот Олександр Усик. Џошуа во оваа борба влезе како голем фаворит според букмејкерите, додека Френклин го забележа вториот пораз во кариерата по оној од Дилијан Вајт.
Џошуа сега се врати во игра за појасите и ова беше негова 25-та победа во кариерата, со три порази.