Author: saso

Тренерот на Борусија (Д), Един Терзиќ, по мечот со Челзи синоќа даде свое мислење за текот на дуелот во Лондон. „Овој резултат е тешко да се прифати, многу сме разочарани. Тоа беа два исклучително интензивни натпревари. Во вториот дел прикажавме многу доминантна игра и создадовме многу шанси, но на крајот тоа не беше доволно. Мора да се каже дека Челзи заслужи да оди понатаму со оглед на текот на двата натпревари. Но, и ние немаше да биде незаслужено да поминеме понатаму. Одигравме два одлични натпревари“, изјави Терзиќ.

Read More

Убави вести стасаа од Геманија, сонот на Илина(16) и Ева(13) Соколовски стана реалност!  Двете наши девојчиња, кои ги собраа сите можни медали по ритмичка гимнастика во Германија, сега конечно ќе ги бранат боите на нашата држава! Илина и Ева под македонско знаме ќе се натпреваруваат на европското првенство по ритмичка гимнастика, кое ќе се одржи во Будимпешта! И двете се пресреќни, бидејќи сите овие години, колку што се натпреваруваат, иако се со македонски пасош, се натпреварувале за Германија, родени се и живеат таму со семејството. -Конечно ми се исполни сонот. Уште кога почнав посакував еден ден да застанам под македонското…

Read More

Ракометната Федерација на Македонија денеска информираше дека се пуштени во продажба билетите на натпреварот на сениорската селекција против Португалија во првиот меч од квалификациите за ЕП 2024. Дуелот се игра во четврток (09.03.2023 г.), со почеток во 19:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а продажбата на влезници за натпреварот започнува денес во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk). Продажната цена на влезниците за натпреварот е 100 и 200 денари.

Read More

Швајцарецот Марко Одермат е новиот освојувач на Малиот кристален глобус во супервелеслалом, откако синоќа победи на претпоследниот Супер-Џи сезонава што се одржа во Аспен. Со оваа победа Швајцарецот воедно се доближи и до одбрана на титулата севкупен победник на Светскиот куп. На скратената патека, Одермат победи со време од 1:06,80 минути, пет стотинки пред вториот, Германецот Андреас Зандер и 34 стотинки пред третиот, Норвежанецот Александар Омод Килде. За Одермат ова беше 20-та победа во кариерата, а деветта сезонава. На шест трки пред крајот на Светскиот куп, остануваат уште два велеслалома во Крањска Гора следниот викенд и финалето во Андора.

Read More

Македонската ракометна репрезентација вчера почна, а денеска продолжува со подготовките за престојниот квалификациски двомеч со Португалија за ЕП 2024. Селекторот Лазаров има доста проблеми со отсуството на некои од носителите на играта како Талевски, Манасков и Георгиевски, па се реши и за дополнителен повик на Аларов и Мишевски, кои треба да бидат замена за повредените Пешевски и Танкоски. На вчерашниот собир, Лазаров со своја оценка и очекувања од дуелите со Португалците. „Не очекува тежок меч. Тие веќе 4-5 години играат заедно, имаат и поискусни играчи кои играат во големи клубови учесници и во ЛШ. Од она што го видов од…

Read More

Лука Модриќ ќе продолжи да настапува за хрватската репрезентација и тоа не само на фајналфорот во Лигата на нации! Како што пишуваат хрватските медиуми, капитенот на „коцкестите“ ќе биде во составот и за квалификациите за ЕП со Велс на 25 март и против Турција три дена подоцна. Селекторот Златко Далиќ му понуди да го одигра првиот меч на „Пољуд“, а потоа да се врати во Мадрид, за да не мора да патува во Бурса, но самиот Модриќ инсистира да игра и во Турција. Влегувањето во „проектот Германија 2024“ сугерира дека Хрватска ќе може да смета на Модриќ и за ЕП…

Read More

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и официјално се повлече од настап на турнирот во Индијан Велс, откако не му беше дозволен влез во Соединетите Американски Држави бидејќи не бил вакциниран против корона вирусот. Ѓоковиќ, кој побара специјална дозвола за влез во САД, минатата недела доби поддршка од Тениската асоцијација на САД и организаторите на УС Опен, но неговото барање сепак беше одбиено. Турнирот во Индијан Велс започнува во среда и ќе трае до 19 март. Потоа следува Мастерсот во Мајами, но сигурно е дека светскиот тенисер број еден ќе го пропушти и тој турнир.

Read More

Бруно Фернандеш беше еден од најслабо оценетите фудбалери на вчерашното дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Ј. Португалецот по мечот даде свое видување на катастрофата која ја претрпеа на „Енфилд“. „Многу е фрустрирачки и разочарувачки, многу лош резултат. Дојдовме овде со различен начин на размислување. Одигравме многу добро во првото полувреме, имавме многу шанси. Ја контролиравме играта во поголемиот дел од првото полувреме, Ливерпул не создаваше многу. Во вториот дел се обидовме да тргнеме напред и да постигнеме гол, но малку изгубивме рамнотежа. Оставивме премногу простор за таков противник. Требаше да се избегне сето ова. Имавме неуспеси и во минатото и…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели емоциите по победата над Манчестер Јунајтед со 7:0. „Немам зборови. Фантастичен натпревар, извонреден. Прикажавме врвен фудбал против тим во добра форма. Почетокот на вториот дел беше прилично добар, а не беше лош ниту крајот. Тоа е фудбалот, се случува. Тоа беше притисокот што го сакавме. Тој нè насочува во вистинската насока. Сите треба да знаат дека се уште сме тука. Денеска беше добра демонстрација за тоа што можеме да бидеме, какви треба да бидеме од сега па натаму. Ова е многу важен триумф за нас. Имаме уште 13 натпревари пред нас. Тоа се…

Read More

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија денеска ги дозна противниците во групата Ф на претстојното 10. Светско младинско првенство кое ќе се одржи во Хрватска. Противници на нашите млади ракометари до 19 години ќе бидат селекциите на Норвешка, Црна Гора и победникот од квалификацискиот турнир кој треба да се одржи во Костарика. СП во Хрватска ќе се одржи од 2 до 13 август оваа година.

Read More