Author: saso

Ленс Строл ќе вози за Астон Мартин на првата трка од Ф1 сезоната во Бахреин. Ова утрово го потврдија од ФИА. Строл ќе му биде тимски колега на Фернандо Алонсо, откако доби одобрение од ФИА да ја започне трката за ГН на Бахреин. „Тимот на Астон Мартин со задоволство потврдува дека Ленс Строл ќе се натпреварува на трката за Големата награда на Бахреин овој викенд“, се вели во официјалното соопштение на неговиот тим. Возачот вели дека било многу фрустрирачки што не беше дел од претсезонските тестови во Бахреин, поради повредата која ја заработи по пад од велосипед.

Read More

Синоќа откако беа комплетирани сите осминафинални натпревари од ФА Купот, беше извршена и ждрепката со која се формираа четвртфиналните двојки. Се чини најинтерено ќе биде на дуелот на премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Фулам. Вториот пар го сочинуваат Манчестер Сити и Барнли на нашиот Чурлинов, а интересно е што враќање на „Етихад“ ќе има некогашниот капитен на шампионскиот состав на Сити, а сегашен менаџер на Барнли, Винсент Компани. Брајтон ќе биде домаќин на четвртолигашот Гримзби, додека двата второлигаши Шефилд и Блекбурн ќе имаат меѓусебна пресметка.

Read More

Јувентус е незадоволен од настапот на аргентинскиот играч за врска Леандро Паредес. Според новинарот Николо Шира, торинскиот клуб нема да го откупи договорот на играчот на ПСЖ и ќе го рати во Париз по завршувањето на сезоната. Една од главните причини за завршувањето на неговиот престој во Италија е и неговата висока плата од 7 милиони евра годишно. На крајот од сезоната, аргентинскиот играч за врска ќе мора да се бори за место во ПСЖ или да бара нов клуб. 28-годишниот Паредес оваа сезона забележа 28 настапи за Јувентус во сите натпреварувања.

Read More

Бернардо Силва, наводно, би можел да го напушти Манчестер Сити на лето поради прифатлива понуда од некој друг европски гигант. Се чини дека Барселона ќе има убава шанса ова лето да тргне по потписот на Португалецот, со оглед на интересот кој го има кон него подолг период. Играчот од средниот ред на Манчестер Сити е високо ценет од челниците на Барселона и тие се многу заинтересирани да го ангажираат ова лето. Според весникот Спорт, Пеп Гвардиола е подготвен да го продаде Силва ова лето, под услов да се добие прифатлива понуда. Португалецот има уште две години од актуелниот договор со…

Read More

Украинскиот фудбалски гигант Динамо Киев и официјално го потврди трансферот на 19-годишниот македонски играч за врска, Решат Рамадани. Рамадани и официјално е преставен како ново засилување за Динамо во чии редови ќе го носи дресот со број 92. Рамадани важи за еден од најдобрите млади играчи во Македонија, а на 19 години почна да игра и за репрезентацијата до 21 година. Талентираниот играч за врска минатата сезона дебитираше за првиот тим на Шкендија (7 натпревари, 1 гол), а во тековната сезона 2022/23 стана главен играч на тимот од Тетово за кој одигра 15 натпревари.

Read More

Рома ќе биде без Жозе Мурињо во следните два натпревари. Португалскиот стратег е казнет со суспензија од два натпревари, како резултат на последниот натпревар против Кремонезе кога доби директен црвен картон. Мурињо доби и парична казна од 10.000 евра. Според одлуката, Мурињо ќе мора да ги пропушти натпреварите против Јувентус и Сасуоло.

Read More

Дисциплинската комисија при ФФМ одлучи дека тимот на Гостивар, лидерот на ВМФЛ конуренцијата е казнет со одзимање на три бода од неговото моментално конто во шампионатот и парично со сума од 1000 евра поради неправилниот настап на нивниот играч Гордијан Христовски на мечот од првото пролетно коло против тимот на Пехчево. Истиот е регистриран со 1:0 како што и заврши, но сепак, Гостивар мора да сноси одговорност поради неправилниот настап. Ова значи дека во ВМФЛ конкуренцијата во моментов Гостивар, Вардар и Воска имаат по 40 бодови, и до крајот ќе има „мртва“ трка за пласман во првата лига. На фудбалерот…

Read More

Денеска со ждрепка беа одредени групите за престојните европски првенства во ракомет во младинска и кадетска конкуренција. Младинската женска репрезентација на Македонија се најде во групата „Д“ на претстојното првенство за играчи до 19 години, а за противници ги има репрезентациите на Црна Гора, Данска и Чешка. Шампионатот ќе се одржи во Романија во градовите Питешти и Миовени во период од 06 – 16 јули 2023 година. Кадетската репрезентација на Македонија до 17 години, пак се најде во група со репрезетациите на Унгарија, Романија и Франција. Кадетките ќе учествуваат на ЕП во Црна Гора кое ќе се одржи во Подгорица…

Read More

Пилотот на Астон Мартин, Ленс Строл, би можел да ги пропушти првите две трки од сезоната, откако на претсезонскиот тренинг во Шпанија, Канаѓанецот доживеа сообраќајна несреќа со велосипед, по што заработи повреда на раката. Инцидентот се случил во градот Мијас, а по несреќата, Строл отпатувал за Барселона, каде имал и специјалистички прегледи. Постои можност пилотот да има потреба од операција, поради што може да пропушти една или две трки од сезоната.

Read More

Вкупно 28. селекции кои играа во второто коло од квалификациите за Светското првенство, но не се квалификуваа за настап на собирот на најдобрите кошаркарски селекции во светот, заедно со 12 селекции меѓу највисоко рангираните тимови од оние кои не се квалификуваа за второто коло на квалификациите за Мундобаскетот ќе се натпреваруваат на Олимписките претквалификациски турнири на ФИБА. Меѓу нив е и селекцијата на Македонија. Во групата од Европа, право на настап на овие претквалификации изборија победниците од секоја група на претквалификациите на ФИБА Евробаскет 2025 (Македонија, Полска, Португалија) и една најдобро рангирана селекција што не се квалификуваше за Светскиот Куп…

Read More