Пилотот на Астон Мартин, Ленс Строл, би можел да ги пропушти првите две трки од сезоната, откако на претсезонскиот тренинг во Шпанија, Канаѓанецот доживеа сообраќајна несреќа со велосипед, по што заработи повреда на раката. Инцидентот се случил во градот Мијас, а по несреќата, Строл отпатувал за Барселона, каде имал и специјалистички прегледи.
Постои можност пилотот да има потреба од операција, поради што може да пропушти една или две трки од сезоната.