Ленс Строл ќе вози за Астон Мартин на првата трка од Ф1 сезоната во Бахреин. Ова утрово го потврдија од ФИА. Строл ќе му биде тимски колега на Фернандо Алонсо, откако доби одобрение од ФИА да ја започне трката за ГН на Бахреин.
„Тимот на Астон Мартин со задоволство потврдува дека Ленс Строл ќе се натпреварува на трката за Големата награда на Бахреин овој викенд“, се вели во официјалното соопштение на неговиот тим.
Возачот вели дека било многу фрустрирачки што не беше дел од претсезонските тестови во Бахреин, поради повредата која ја заработи по пад од велосипед.