Швајцарецот Марко Одермат е новиот освојувач на Малиот кристален глобус во супервелеслалом, откако синоќа победи на претпоследниот Супер-Џи сезонава што се одржа во Аспен. Со оваа победа Швајцарецот воедно се доближи и до одбрана на титулата севкупен победник на Светскиот куп.
На скратената патека, Одермат победи со време од 1:06,80 минути, пет стотинки пред вториот, Германецот Андреас Зандер и 34 стотинки пред третиот, Норвежанецот Александар Омод Килде.
За Одермат ова беше 20-та победа во кариерата, а деветта сезонава. На шест трки пред крајот на Светскиот куп, остануваат уште два велеслалома во Крањска Гора следниот викенд и финалето во Андора.

