Арман Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап прескокнувајќи ја границата од 6,22 метри на натпреварувањето во сала одржано вчера во Клермон-Феран, Франција. Швеѓанецот синоќа го подобри за еден сантиметар својот најдобар резултат од минатогодишното Светско првенство на отворено во Јуџин, САД.
Олимпискиот шампион од Токио, скокна 6,22 метри во својот трет обид на Ол-стар митингот во Клермон-Феран, организиран од ѕвездата во скок со стап, Рено Лавилиен и ги импресионираше над 4.000 присутни гледачи во салата.