Тренерот на Барселона, Чави тврди дека неиграњето на Педри и Гави било клучно за поразот на Барселона од Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа синоќа. Поразот од 2-1 од „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ значеше дека лидерот во Ла Лига е елиминиран од Лигата на Европа. „Мислам дека ни недостасуваше смиреност и трпение – лошо го започнавме второто полувреме. Доминиравме во играта и ја контролиравме, но загубивме некои дуели во вториот дел. Генерално, ни требаше малку повеќе, ни недостигаше нешто во нашата игра. Ни недостигаа Педри и Гави и мислам дека тоа беше клучно. Можеме да бидеме горди на тоа…
Author: saso
Машката кошаркарска репрезентација изутринава во салата на СРЦ „Кале“ ги стартуваше мини-подготовките за она што следува во оваа седмица, и тоа како важна, во која се закажани последните два натпревари од вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025 година. На 23 февруари, во Левица, гостуваме на селекцијата на Словачка, и три дена подоцна, во Осло, уште еден гостински натпревар, против репрезнтацијата на Норвешка. Со оглед на краткиот временски период по завршувањето на Куп-неделата во најголмеито дле од европските земји, вклучително и кај нас, нашиот најдобар тим ќе одработи само два тренинзи во својата „база“ во Скопје. На првиот се појавија…
Еурофарм Пелистер се засили со српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ. Се работи за 26-годишен лев бек, кој доаѓа во Битола од белорускиот шампион Мешков Брест. Стевановиќ е роден во Лазаревац, блесна во Партизан, настапуваше во Балатонфуреди и Егер во Унгарија, Ал-Араби и Ал-Веда во Катар и неполна сезона во Белорусија. 196-сантиметри високиот Стевановиќ запиша и пет настапи за српската репрезентација. Доаѓа во Битола на обострано задоволство, по кое е потпишан договор заклучно со јуни 2024 година. Ракометарот веднаш ќе ги започне индивидуалните тренинзи, со оглед на тоа што екипата е веќе во Берлин на натпреварот против Фуксе Берлин во ЕХФ Лига…
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски и натаму оди нагоре на АТП листата на најдобрите светски тенисери. На денешниот најнов ранкинг, Ивановски се најде на 478. место, што е нов напредок за 16. позиции. Со пласманот во финалето на последниот турнир во Тунис, Ивановски дојде до нови поени кои му донесоа нов најдобар пласман во кариерата.
Преговорите меѓу Челзи и Мејсон Маунт за нов договор се прекинати. Веста ја објавија блиски извори до лондонскиот клуб. Актуелниот договор на Маунт со лондонскиот клуб е до летото 2024 година. Според „Атлетик“,Челзи упатил неколку понуди до Маунт за нов договор, но сите биле одбиени. Во моментов преговорите се прекинати, а Челзи ќе се обиде да продолжи со разговори со фудбалерот и неговиот агент по завршувањето на сезоната. Доколку не успее, тогаш управата ќе ја одобри продажбата на Мејсон за да не го загуби бесплатно во летото 2024 година.
Француски „Л“Екип“ потврди дека напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам (25) ќе го напушти германскиот клуб како слободен фудбалер, откако се решил да не го продолжи договорот кој му завршува во јуни. Спортскиот директор на клубот, Роланд Виркус, го потврди ова во неделата и изјави дека мора „да се помират со фактот дека тој ќе си замине“. Фабрицио Романо пренесе дека Турам има понуди од Англија, Италија и Шпанија, а пред извесно време се зборуваше дека Турам начелно се договори со Баерн (М) за трансфер на „Алијанц Арена“. Сега во трката за него ќе се вклучи и Челзи, кој веќе…
Телото на Кристијан Атсу, кој загина во страшниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сририја, синоќа пристигна во Акра, главниот град на Гана, каде ќе биде погребан. Како што е соопштено од Министерството за надворешни работи на Гана, телото било „примено од членовите на семејството, Фудбалската федерација на Гана и владата“. Кристијан Атсу (31) беше пронајден во урнатините на неговиот дом во Ронесан, 12-катна кула која се урна во земјотресот што ги потресе Турција и Сирија. Фудбалерот кој голем дел од кариерата ја мина во големите европски клубови, оваа сезона настапуваше за екипата на Хатајспор.
Холандската атлетичарка Фемке Бол го собори речиси 41 година стариот светски рекорд во сала на 400 метри на холандското национално првенство. Имено, до овој викенд актуелниот светски рекорд изнесуваше 49,59 секунди и беше во сопственост на легендарната чешка атлетичарка Јармила Кратохвилова, поставен на 7 март 1982 година. Младата, 22-годишна Холанѓанка го спушти времето на 49,26 секунди и потврди дека се наоѓа во извонредна форма. Бол на последните Олимписки игри во Токио го освои бронзениот медал на 400 метри со пречки.
Вториот светски рекет, Карлос Алкараз е победник на турнирот во Буенос Аирес. Тој синоќа во финалето по 94 минути игра го совлада 12-от светски тенисер Британецот Камерон Нори со 6:3, 7:5. Така тенисерот од Мурсија на својот прв турнир по четиримесечна пауза стигна до пехарот, а покрај 250 поени заработи и чек од 95.305 долари. Ова беше негов прв пехар во сезоната и вкупно седми во кариерата.
Канаѓанката Лоренс Ст. Жермен е сензационална победничка на женскиот слалом на светското првенство во француски Куршевел. Таа, иако беше трета по првото возење, во втората трка успеа да ја надополни негативата зад лидерките по првата трка и на крајот да го грабне златниот медал во техничката дисциплина. Канаѓанката тргна со стартниот број 18, а на крајот покажа дека не случајно е на СП. Микела Шифрин која имаше најдобар резултат по првата трка, имаше лошо возење во втората трка и на крајот заврши втора и го освои среброто. Лена Дуер од германија заврши како трета и се закити со бронзениот медал.
