Author: saso

Доменико Тедеско денеска беше назначен за нов селектор на репрезентацијата на Балгија. По назначувањето, стратегот ја даде и првата изјава: „Многу сум мотивиран. Едвај чекам да почнам со работа. Знам да мотивирам, тоа е една од моите силни страни. Кои се моите цели во белгиската репрезентација? За почеток квалификациите за ЕП! Знам дека нема да ни биде лесно. Мора да се соочиме со многу силни противници, но имаме одличен тим и верувам дека можеме да го направиме тоа“, вели Тедеско, којдоби договор со Белгиската федерација до 2024 година со можност за продолжување на уште две години.

Read More

Ливерпул ќе го продолжи договорот со Роберто Фирмино. Актуелниот договор на напаѓачот со клубот истекува во летото 2023 година, но според новинарот Фабрицио Романо, менаџерот Јирген Клоп сака Фирмино да остане во Ливерпул. Преговорите за нов договор се во тек, а клубот му нуди краткорочен договор на Бразилецот. Новиот договор за Фирмино со Ливерпул ќее важи до 2025 година. Тој ќе вклучува опција за продолжување на уште една сезона. Фирмино е во Ливерпул од 2015 година. Оваа сезона има 9 гола и 4 асистенции во 21 натпревар за клубот во сите натпреварувања.

Read More

Серхио Бускетс добил голема понуда од саудискиот клуб Ал Наср, за кого игра Кристијано Роналдо. Според „Мундо Депортиво“, саудискиот клуб на капитенот на Барселона му дава договор со плата од 18 милиони евра по сезона. Првично Ал Наср му понуди на Шпанецот договор за период од 2 години, но клубот сега е подготвен да склучи договор со играчот според негова желба. Фудбалската федерација на Саудиска Арабија сработи на привлекување европски фудбалски ѕвезди за да ги подобри шансите за успешна кандидатура на земјата за организатор на Светското првенство во 2030 година. Бускетс се уште чека понуда од Барселона за продолжување на…

Read More

Англискиот шампион Манчестер Сити може да биде казнет за финансиски прекршоци. Ккао што пишуваат дел од меидумите на Островот, ако се покажат како точни наводите за финансиски малверзации во сите овие години, клубот може да остане без бодови во англискат елита, па дури и да биде исфрлен од Премиер лигата. „Скај Спортс“, повикувајќи се на прописите на Премиер лигата, пишува дека независната комисија која го разгледува случајот со Манчестер Сити може да го отстрани клубот од учество во првенствените натпревари, да му препорача на раководството на лигата да ги повтори некои натпревари и да нареди исплата на обештетување. Исто така,…

Read More

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер, денеска (18.45 ч.) во Данска ќе го има првиот европски натпревар за оваа полусезона. По шест одиграни средби во првата фаза во групата, битолчани имаат скор од 2 победи, едно реми и три порази, па на денешното гостување во Данска кај екипата на Архус ќе атакуваат на трета сезонска победа. Пелистерци со триумф против Архус ќе ги зголемат шансите за второто место во својата група, што ќе биде и дополнителна мотивација на денешниот дуел. Тренерот Ларс Валтер, конечно, денеска на располагање ќе го има комплетниот состав, со враќањето на Мартин Велковски и Суси, кои ќе…

Read More

Искусниот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг ќе го напушти Челзи поради мизерната минутажа и последното понижување откако беше изоставен од тимот кој ќе игра во Лигата на шампионите. Габонецот не е во плановите на Греам Потер, па Обамејанг наскоро ќе го напушти Лоднон и според пишувањата, кариерата ќе ја продолжи на дестинација и клуб што му одговара со оглед на моменталната форма. Иако се уште ништо не е потврдено, се очекува напаѓачот да одлета за Лос Анџелес и да потпише договор со тамошниот клуб кој има намера да го ангажира. Првата понуда се очекува во наредните денови, а се проценува дека би…

Read More

Николо Заниоло, по целата трансфер сага оваа зима, по се изгледа ќе се пресели во турски Галатасарај. Според новинарот Фабрицио Романо, играчот од средниот ред попладнево ќе одлета за Истанбул за да ја заврши својата преселба во Галатасарај. Рома ќе добие 20-22 милиони евра за играчот кој ќе потпише 4-годишен договор со турскиот клуб со плата од 3,5 милиони евра годишно. Договорот на Заниоло со Галатасарај ќе вклучува клаузула за превремен раскин во вредност од 35 милиони евра.

Read More

Шпанското обвинителство се спротивставува на жалбата на одбраната на Дани Алвеш да го ослободи со кауција, додека истрагата против фудбалерот продолжува по наводите за сексуален напад. Адвокатите на Алвеш ја поднесоа жалбата минатата недела, велејќи дека Бразилецот се согласил да го предаде пасошот и да носи уред за следење доколку биде ослободен. Обвинителите во понеделникот изјавија дека Алвеш е во опасност да побегне доколку биде ослободен, па затоа ќе остане зад решетки.

Read More

По 19 одиграни натпревари, Базел се наоѓа на разочарувачкото седмо место во швајцарската лига, а тоа беше и причината отказ да добие тренерот Алекс Фреј. Швајцарскиот клуб утрово потврди дека 43-годишниот стратег добива отказ. Отказот доаѓа по четири натпревари без победа во домашното првенство. Во моментов Базел е на само три бода над зоната за испаѓање, поради што клубот реагираше со смена на тренерот. Фреј го презеде тренерското столче во Базел на стартот на сезоната. Хајко Фогел привремено ќе седне на кормилото на тимот, а од Базел најавија дека бараат постојано тренерско решение.

Read More

Откако Турција беше погодена од разоренн земјотрес, кој имаше фатални последици, и еден од познатите фудбалери, Ганецот Кристијан Атсу остана заробен под урнатините. По многу перипетии и деманти, утрово стигна и официјално соопштение во кое е потврдено дека Атсу е успешно извлечен од под урнатините. „Кристијан Атсу е извлечен од урнатините. Тој е повреден. Нашиот спортски директор Танер Савут за жал се уште е под урнатините. Хатајспор е длабоко погоден. Сега се приближуваме кон крајот на најопасните часови“, изјавил Мустафа Озат, портпарол на клубот. 31-годишниот Кристијан Атсу има минато во клубови со настапи за екипи како Порто, Челзи, Евертон, Њукасл,…

Read More