Луис Хамилтон е подготвен да потпише нов договор со тимот на Мерцедес пред почетокот на сезоната 2023 година, но само откако ќе ги види перформансите на новиот болид.
Според „Лондон Инсајдер“, Хамилтон најпрвин сака да го види новиот болид W14 на дело и дури потоа ќе донесе конечна одлука дали ќе продолжи со Мерцедес и следната година.
Претходно беше објавено дека Мерцедес му понуди на Хамилтон договор до крајот на 2025 година со плата од 49 милиони долари. Актуелниот договор на Хамилтон со тимот е до крајот на 2023 година.