Норвежанецот Александар Oмод Килде е победник на легендарната спуст патека Штрајф во Кицбил. На денешниот спуст второто место го освои Французинот Јохан Клери, кој заостана 67 стотинки зад најдобриот, додека Американецот Тревис Ганонг беше трет со заостанување од 95 стотинки.
Винсент Крихмаер кој вчера ги воодушеви домашните навивачи со победа, денеска остана без подиум, освојувајќи го петтото место.
32-годишната Илка Штухец од Словенија, пак, денеска по повеќе од 4 години оствари победа во Светскиот куп во алпско скијање, триумфирајќи на спустот во Кортина Д’Ампецо. Таа ја остави зад себе Кајса Лие од Норвешка, која стартуваше со број 30, го имаше најбрзото време на средина напатеката, но на крајот заостана 26 стотинки и остана втора.
Италијанката Куртони финишираше како трета, додека вчерашната победничка во Кортина, Софија Гоџа, не ја заврши трката.