Австриецот Винсент Крихмаер за првпат победи на познатиот спуст во Кицбил.
Светскиот шампион во спуст ја забележа 15-та победа во Светскиот куп, а трета сезонава, со предност од 0,23 секунди пред Италијанецот Флоријан Шидер, кој изненади у со стартниот број 43 дојде до второто место. Трет беше Швајцарецот Нилс Хинтерман (+0,31).
Во поредокот за спуст води Килде со 520 бодови пред Крихмаер (419), а во генералниот пласман води Одермат (1186) пред Килде (861).