Author: saso

Арсенал го доби големото дерби во северен Лондон против Тотенхем со 2:0 и успеа да ја зголеми предноста на табелата во Премиер лигата во трката за шампионската титула. Избраниците на Микел Артета сега имаат 47 бода по 18 кола, со што значително се одлепија пред конкурентите. Манчестер Сити е втор, а по поразот од Манчестер Јунајтед остана со 39 бодови, додека градските ривали Манчестер Јунајтед сега имаат 38. Њукасл има исто така 38 бода и останува во битка за едно од четирите места кои водат во ЛШ.

Read More

По новиот убедлив пораз на ова СП, денеска од Холандија со 34:24, нашите ракометари не го криеја разочарувањето. Филип Кузмановски самокритично го прокоментира дуелот. „Искрено не знам што е проблемот, но вака веќе не може. Норвешка е фаворит за медал, гледаме како Холандија сериозно напредува од година во година, а каде сме ние… Доста се задоволуваме само со пласман на големите натпреварувања, ми пречи да доаѓам и да губам по десет разлика на сите натпревари. Репрезентацијата е гордост за сите, мораме да играме така, да се бориме во секој момент за секоја топка“, изјави Филип Кузмановски. За нас одлучувачки меч…

Read More

Македонската ракометна репрезентација доживеа нов убедлив пораз на Светското првенство во Полска. Денеска забубивме од Холандија со 34-24, иако во мечот влеговме полни со ентузијазам дека може да се бориме за добар резултат. Холанѓаните беа супериорни во однос на нас и заслужено дојдоа до високата победа. Уште во првото полувреме дозволивме да завршиме со негатива од високу 7 гола, а во вториот дел само за момент успеавме да дојдеме на минус 4 и потоа во една минута да примиме 4 гола и да го потврдиме триумфот на „лалињата“. Најдобри стрелци за Македонија беа Кузмановски и Пешевски со по четири гола,…

Read More

По повредата на Томислав Јагуриноски, селекторот Кире Лазаров направи една промена во нашата репрезентација за утрешниот дуел со Холандија. На местото на Јагуриновски на позицијата десен бек утре ќе биде Давид Савревски. Тој е еден од тројцата кои отпаднаа од списокот на Лазаров, заедно со Кизиќ и Цветан Кузмановски, но кој беше на готовс за да се врати во тимот во ваква ситуација.

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во пресрет на финалето со барса во Суперкупот на Шпанија ја посочи одбраната како најголем проблем за „кралевите“. Во недела од 20 часот се игра долгоочекуваниот натпревар во Саудиска Арабија. „Одбраната е нашиот најголем проблем и за тоа сме разговарале повеќе од еднаш. Примивме гол од Валенсија поради грешка на двајцата централни дефанзивци (Антонио Рудигер и Едер Милитао) и тоа е недозволиво. Одделно поради повреда нема да игра Лукас Васкез, но Милитао ќе тренира без проблеми. Модриќ и Крос добро се опоравија по претходниот меч“, прокоментира Анчелоти. „Чави рече дека не му се допаѓа…

Read More

Потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте, даде изјава во која ги осудува зборовите на поранешното раководство на каталонскиот клуб во протечената кореспонденција, во која се откриени навреди кон поранешните играчи на Каталонците, вклучувајќи го и аргентинскиот напаѓач Лионел Меси, кој беше наречен „канализациски стаорец“. Навреди имаше и за дефанзивецот Жерар Пике и играчот од средниот ред Серхио Бускетс . „Овие зборови покажаа огромно непочитување кон луѓето како Меси кои му дадоа толку многу на клубот, тие изразуваат непочитување кон самата Барселона. Целосно ги осудувам овие зборови, кои укажуваат дека луѓето кои претходно го водеа тимот не го сакаа како што треба…

Read More

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не можеше да не ја признае супериорноста на Наполи на синоќешното дерби од Серија А. Неговите фудбалери загубија со 5:1 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и веќе заостануваат 10 бода зад лидерот и фаворит за титулата. „Нашиот противник одигра одличен натпревар. Немавме енергија да возвратиме. Во нашиот најдобар период од натпреварот губевме со 2:0. Ова е фудбал. Вакви натпревари се случуваат еднаш годишно. Треба што побрзо да се опоравиме бидејќи има уште многу натпревари. Изгледаше дека можеме да постигнеме гол во секој момент. Поразот е заслужен. Кога грешиш на вакви дерби средби, тешко е да…

Read More

Жоао Феликс скапо ќе го чини Челзи. Само што заигра за „сините“ како позајмен од Атлетико (М), Португалецот синоќа на дебито кај Фулам доби директен црвен картон и беше исклучен во поразот од 2:1. Според правилата на Премиер лигата, ова исклучување на Феликс му носи автоматска суспензија од три натпревари. Челзи го позајми Феликс од Атлетико до крајот на сезоната со обештетување од 11 милиони евра и ја презеде неговата плата од 250 илјади евра неделно, но по овој црвен картон скоро еден од овие 6 месеци од позајмицата Феликс ќе биде надовор од терените. Португалецот поради црвен картон ќе…

Read More

Томислав Јагуриновски е еден од седумте дебитанти во нашата репрезентација на ова Светско првенство. Во пресрет на денешниот дуел со Норвежаните, Јагуриновски ни изјави: „Ќе дадеме се од себе да го изненадиме денешниот противник. Норвежаните играат одличен ракомет, познати се по својата игра. Сметам дека можеме да одиграме добар натпревар и во некој сегмент да ги изненадиме. Ми се допаѓа овој систем, ми одговара побрзата игра. Јас мислам дека сме добри и ќе бидеме само уште подобри. На подтотвителниот турнир во Хрватска игравме коректно во нападот, а мал проблем беше одбраната, на пониско ниво. Тоа мора да го поправиме. Нормално…

Read More

Во Краков нашата репрезентација денеска ќе ја има премиерата на ова СП и тоа против еден од најсилните состави кандидати за медал, селекцијата на Норвешка. Селекторот Кире Лазаров пред новинарите зборуваше за очекувањата од првиот меч. „Ние сме подготвени за цело Светско првенство. Ова е еден меч со репрезентација за која не треба многу да се зборува. Норвешка во 2017 и 2019 играше финале на СП, а и овде ќе атакуваат на златото. Во спортот треба да веруваш и во невозможното. Денеска сме во таква позиција. Нема што да загубиме, туку може само да добиеме. Нема да се штедиме воопшто,…

Read More