Author: saso

Тибо Куртоа е прогласен за голман на годината за 2022 година во изборот кој го направи Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Куртоа освои 125 поени во рангирањето, оставајќи го зад себе на втората позиција чуварот на мрежата на аргентинската фудбалска репрезентација, Емилијано Мартинез, кој собра 110 поени. Третото место му припадна на уште едно извонредно голманско име од СП во Катар, Мароканецот Јасин Боно, кој брани и за Севиља и кој собра 55 поени. Во ТОП 5 на листата на најдобри голмани за минатата година се и Доминик Ливаковиќ од Хрватска и Уго Лорис од Франција.

Read More

Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни е пред враќање во Премиер лигата. Руни е главен фаворит за наследник на Френк Лампард на кормилото на Евертон, пишуваат денес голем број на медиуми на Островот. Иднината на Лампард на „Гудисон Парк“ е сериозно доведена во прашање по понижувачкиот пораз од Брајтон со 4-1 пред неколку дена. Евертон моментално се наоѓа во зоната за испаѓање, заземајќи го 18-то место со само 15 бодови. Покрај Руни, во игра за местото на Лампард се и други имиња како поранешниот селектор на Белгија Роберто Мартинез и Шон Дајч. Руни моментално е тренер на ДЦ Јунајтед во САД.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Бенфика, Енцо Фернандез е блиску до преселба во англиската Премиер лига, но лондонски Челзи се уште тактизира со вистинската понуда за фудбалерот. Според последните информации Челзи понудил 85 милиони евра за една од главните ѕвезди на Светското првенство во Катар, но сумата не ги задоволува барањата на Бенфика. Лондончани не размислуваат да ја платат комплетната сума од 127 милиони евра од откупната клузула на фудбалерот и затоа бараат начин да издејствуваат сума која ќе биде прифатлива за реализација на трансферот.Засега Бенфика не попушта, па се очекува нова рунда убедувања во наредниве денови.

Read More

Големиот ракометен спектакл под името „Сите Ѕвезди“ се одржува во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Во организација на Ракометната федерација на Македонија, пријателски и хуманитарен меч играат нашите ракометни ветерани кои во минатите две децении го носеа дресот на нашиот национален тим и оние актуелните предводени од легендарниот Кире Лазаров. Пред полните трибини во арената мечот го води нашата легендарна судиска двојка Драган и Марјан Начевски, а многу ветерани и се уште актуелни ракометари ќе имаат можност да приредат спектакл за публиката. Од голманите во составот на ветераните се присутни Борко Ристовски, Петар Ангелов, Златко Даскалоски, крилата: Стевче Алушовски, Владо…

Read More

Вечерва во Ријад беше одржана официјалната промоција на една од најголемите светски фудбалски ѕвезди, Кристијано Роналдо. Португалецот од пред некој ден стана член на тамошниот клуб Ал Наср, а денеска пред повеќе од 30.000 навивачи се појави во дресот на новиот клуб. На прес-конференцијата која беше организирана во прес-салата Роналдо одговараше на новинарски прашања, истакнувајќи дека е среќен за овој потег кој, како што вели, е негова лична одлука. „Ги соборив сите рекорди во Европа и сакам да го сторам тоа и овде. Дојдов овде за да победувам. Сакам да уживаме и да се смееме заедно сите овед во Ал…

Read More

Некогашниот бразилски репрезентативец, Хулк, повторно се враќа во Европа. Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Минеиро ќе ја продолжи кариерата во турскиот шампионат. Според информациите, управата на клубот „Адана Демирспор ги договорила условите за трансферот на играчот. 36-годишниот бразилски фудбалер ќе потпише договор со турскиот тим по отворањето на зимскиот преоден рок, а детали за соработката не се откриени. Во Турција зимскиот трансфер период ќе започне на 12 јануари. Хулк е во Атлетико Минеиро од 2021 година.

Read More

Бранителот на германскиот куп РБ Лајпциг во понеделник ќе отпатува за Абу Даби на зимски подготовки. Тимот има многу кадровски проблеми со оглед на тоа што ѕвездата Кристофер Нкунку ги скина вкрстените лигаменти на коленото пред Светското првенство во ФИФА во Катар. Францускиот интернационалец се наоѓа во Париз, каде ќе го продолжи лекувањето на индивидуална основа. За разлика од него, со тимот ќе патуваат германските интернационалци Давид Раум и Тимо Вернер. Сепак, двајцата имаат и физички проблеми и ќе мора да почнат да тренираат одвоено. Раум и Вернер имаат повреди на скочниот зглоб, а Вернер дури и го пропушти Светското…

Read More

Македонската ракометна репрезентација засилено ги продолжува подготовките за Светското првенство кое ќе се одржи во Шведска и Полска. Комбинацијата од младост и искуство е наш адут во Краков, градот домаќин на нашата групна фаза. Македонија е аутсајдер во друштво на Норвешка, Холандија и Аргентина, но тоа пак е само дополнителен мотив за нашите момци. Првата фаза, ракометарите ја одработија во Маврово, а веќе од вчера се вратија во погон во Скопје, пред утрешниот меч на „Сите Ѕвезди“ кој ќе се одржи во СЦ Борис Трајковски. Македонија првиот меч на СП во Краков ќе го одигра на 13 јануари против Норвешка.

Read More

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, сака да додаде нов играч од средниот ред во својот тим во јануари. Англичаните веруваат дека доведувањето на плејмејкер во зимскиот преоден рок ќе реши еден голем проблем на средината кој се појави во последно време. Њукасл испратил скаути да ги следат перформансите на Јури Тилеманс од Лестер Сити и Мојсес Кајседо од Брајтон, бидејќи Хау претпочита играч кој веќе има искуство во Премиер лигата. Сепак, на радарот на тимор се и Кефрен Турам од Ница, Квадио Коне од Борусија Менхенгладбах и Едсон Алварез од Ајакс.

Read More

Поранешниот играч за врска на Севиља, Иско е на мета на градските ривали Лацио и Рома. Двата римски клуба се подготвени да го ангажираат 30-годишниот фудбалер, пренесува „Газета дело Спорт“. Сепак, интерес за Иско има и од Салернитана, Вулверхемптон и американскиот Лос Анџелес Галакси. На 21 декември, Шпанецот го раскина договорот со Севиља, иако му се приклучи на клубот во август. За клубот од Андалузија одигра 19 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 1 гол и 3 асистенции.

Read More