Лионел Меси најверојатно нема да игра за ПСЖ до средината на јануари. Според весникот „Ле Паризиен“, по победата на Аргентина на Светското првенство во 2022 година, напаѓачот добил 10 дена за одмор. Меси ќе тренира на индивидуална основа и најверојатно нема да игра за ПСЖ до средината на јануари. Се чека и клупска потврда.
Author: saso
Н’голо Канте сака да потпише преддоговор со Барселона уште оваа зима. Според шпански извори, играчот од средниот ред на Челзи сака што поскоро да ја реши иднината, па затоа врши притисок врз Барселона да потпише преддоговор во јануари. Преговорите со играчот ги води директорот на Барса, Матеу Алемани. Комуникацијата со Канте оди добро, но се уште нема конечна одлука за негова преселба во Барселона. Ова го загрижува играчот од средниот ред, кој има уште неколку големи понуди. Н’голо не сака да го одложи финалниот процес, па инсистира се да се заврши оваа зима. 31-годишниот играч од средниот ред последен пат…
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денеска во хотелот „Александар Палас“ ја има прват апрозивка на ракометарите повикани за настап на Светското првенство кое од 11 јануари следната година ќе се одржи во Шведска и Полска. Македонија е во група со Норвешка (13. јануари), Холандија (15. јануари) и Аргентина (17. јануари), а предводникот на нашиот најдобар национален тим во рамките на подготовките на располагање ќе има 23 имиња. Според планот нашите момци денеска заминуваат во Маврово каде е предвидено да одиграат два пријателски натпревари против Црна Гора. Пред Нова година ќе се вратат во Скопје, а на 3. јануари…
Лионел Меси е прогласен за спортист на годината за 2022 во изборот на британскиот медиумски гигант Би-Би-Си. Аргентинскиот напаѓач ќе ја добие наградата Светска спортска ѕвезда на Би-Би-Си за оваа година. Наградата се доделува на спортистот кој го постигна најзначајниот успех на светско ниво во текот на годината. Меси го освои Светското првенство во 2022 година со Аргентина и беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Во 2021 година, Би-Би-Си ја прогласи Ирката Рејчел Блекмор за најдобра, откако стана првата жена џокеј што освоила Гранд Национал во 182-годишната историја на трките.
„Гаучосите“ на чело со Лионел Скалони утрово околу 7:30 часот по средноевропско време слетаа во Буенос Аирес каде ги пречекаа илјадници навивачи по улиците на градот. Нешто по 8 часот фудбалерите излегоа од авион со громогласен аплауз на новинарите и веднаш се качија во отворениот автобус. Капитенот Лионел Меси прв стапнал на аргентинско тло во друштво на селекторот Лионел Скалони. Автобусот со играчите се упати кон базата на Аргентинската фудбалска федерација, каде новите светски шампиони ќе одморат неколку часа пред вистинската прослава во Буенос Аирес. Илјадници навивачи ги закрчија улиците, а автобусот се движеше многу бавно низ толпата. Денеска, во…
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп пред финалето на Светското првенство против Аргентина повторно беше прашан за Карим Бензема и шпекулциите околу неговото враќање во селекцијата токму за финалниот меч. Иако не го кажа тоа директно, од зборовите на Дешам се гледа дека нема можност напаѓачот на Реал утре да биде дел од тимот за финалето. „Ако не ти одговорам, ќе речеш дека сум лут. И претходно имав повредени играчи. Карим е еден од нив. Последен кој се повреди е Лукас Ернандез. Оттогаш имам 24 играчи. Групата е тука. Не зависи од мене кој доаѓа да го гледа натпреварот. Мојата концентрација…
Мислав Оршиќ постигна феноменален гол за 2:1 против Мароко, кој на крајот се покажа како решавачки за бронзата на Светското првенство. „Мислам дека се уште не сум свесен што направивме. Можеби ќе разберам по неколку дена или кога ќе се вратам во Хрватска. Мислам дека одигравме добар натпревар, беше возбудливо. Се боревме и заслужено победивме“, изјави пресреќниот Мислав Оршиќ по победата над Мароко. „Ова е највредниот гол во мојата кариера. Им го посветувам на семејството, родителите, сопртугата, децата и сите кои беа покрај мене. Сега ќе славиме заедно“, заврши тој.
Хрватската фудбалска репрезентација го освои третото место на Светското првенство откако во Доха го совлада Мароко. Селекторот Златко Далиќ по мечот даде изјава за уште еден историски успех за хрватскиот фудбал. „Ова е бронза со златен сјај. Победивме во тежок натпревар, но мислам дека одигравме одлично. Ова е медал за Хрватска, за целиот хрватски народ. За сите оние кои не сакаат во регионот и светот. Навистина одлично, освоивме два медали на две првенства, големи честитки за моите играчи. Би сакал да ја посветам оваа победа на еден човек кој го започна сето тоа, а тоа е Мирослав Чиро Блажевиќ. Шефе,…
Репрезентацијата на Хрватска го освои бронзениот медал на Светското првенство во Катар, откако денеска во малото финале славеше со 2:1 над селекцијата на Мароко. Африканците кои го постигнаа историскиот резултат со пласманот во полуфиналето, не успеаја да станат првата африканска фудбалска репрезентација со медал на Мундијалите. Од друга страна, ова е трет медал за Хрватска на шест светски првенства. Почетокот на натпреварот беше исклучително возбудлив. По само седум минути игра Хрватите поведоа со голот на Гвардиол, но две минути подоцна, Мароканците возвратија за 1.1 со погодокот на Дари. Одлуката падна во 42. минута кога Мароканците ја загубија топката на својата…
Португалскиот стручњак Руи Виторија може да биде новиот селектор на оваа репрезентација, јавија локалните медиуми. 52-годишниот стручњак бил вклучен во листата на претенденти за местото селектор на португалската репрезентација, што го состави Португалската фудбалска федерација (ФПФ). Виторија, кој сега работи со египетската репрезентација, е во блиски односи со првиот човек на ФПФ. Покрај тоа, квалитетите на Руи ги исполнуваат барањата на федерацијата – тој има големо искуство, работеше во други земји каде освојуваше трофеи, а има искуство од работа и во Португалија. Бројот на кандидати за селектор на португалската репрезентација со Виторија, се зголеми на седум: Хорхе Жесус, Руи Хорхе,…
