Формула 1 денеска и официјално објави дека е обновен договорот со Холандското ГП.
Тоа значи дека трката на „Зандворт“ ќе се вози најмалку до 2025 година. Претходно, договорот завршуваше во 2023 година.
Холандското ГП не беше дел од Формула 1 од сезоната 1986 година, но се врати минатата година и успеа да се избори за подолг опстанок во календарот на трки на Ф1 серијата.