Селекторот на Јужна Кореја, Пауло Бенто ја напушта функцијата по поразот од Бразил со 1:4 во осминафиналето на Светското првенство. Сепак, тој тврди дека одлуката е донесена многу пред денешниот натпревар. Бенто објасни дека денешниот резултат не бил причина за неговото заминување, туку одлуката била донесена уште во септември. Со репрезентацијата на Јужна Кореја работи од август 2018. Во овој период Корејците одиграа 57 натпревари под негово водство од кои победија на 35.
Author: saso
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ја освои третата титула во професионалната кариера. Денеска тој славеше во финалето на ИТФ-фјучерсот во Мадрид, Шпанија победувајќи го со 2-0 во сетови (6-4, 6-2) Британецот Марк Вајтхаус. Ривалот иако беше подоброрангиран од Ивановски, кој одигра одличен натпревар и заврши со експресна победа.
Британецот Тајсон Фјури ја одбрани титулата на ВБЦ во тешка категорија победувајќи го својот сонародник Дерек Чисора со прекин во десеттата рунда на дуелот одржан синоќа во Лондон на стадионот на Тотенхем. Битката беше во еден правец од самиот почеток и беше само прашање кога шампионот ќе ја заврши во своја корист. Така Фјури остана непоразен во 34. професионална борба во кариерата (33 победи, едно реми), а Чисора сега има биланс од 33 победи и 13 порази.
Ханси Флик нема да добие отказ од германската репрезентација. И Федерацијата и играчите веруваат во него, па затоа нема да има тренерска смена кај Германците до ЕП 2024 година. Според германските медиуми, прашањето за оставката на 57-годишниот стручњак не се ни дискутира и покрај елиминацијата на германската репрезентација во првата фаза на Светското првенство. Членовите на извршниот комитет на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) се уште му веруваат на Флик. Селекторот е високо ценет од многу играчи на германската репрезентација. Претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф, очекува Флик што е можно поскоро да го анализира настапот на Германија на Светското првенство во…
Секој играч на Англија ќе добие меѓу 400.000 и 450.000 фунти доколку го освои Светското првенство. Според Телеграф, играчите на Англија имаат право на бонуси за пласман во секое следно коло на Светското првенство во 2022 година. Доколку тимот на Герет Саутгејт стигне до финалето и успее да се искачи на светскиот трон, тогаш секој играч ќе добие сума од околу 450 илјади фунти. Англија денеска ќе ги одмери силите со Сенегал во осминафиналето на Светското првенство во 2022 година.
Кристијано Роналдо бил незадоволен од селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, затоа што не му дозволува да заврши ниту еден меч на СП. Според португалски извори, ѕвездата на тимот верува дека заслужува да одигра 90 минути на меч. Роналдо беше заменет на сите три натпревари на Светското првенство – против Гана (3:2) во 88. минута, против Уругвај (2:0) – во 82. и против Јужна Кореја (1:2) – во 65. Португалската фудбалска федерација (ФПФ) не сака да обрнува внимание на незадоволството на Роналдо. И напоменуваат дека Роналдо им е потребен за сите средби до крајот на првенството.
Англискиот гол-мајстор Хари Кејн не е вознемирен од тоа што сè уште нема постигнато гол на Светското првенство и е убеден дека головите ќе дојдат бидејќи планира да ја однесе Англија во завршницата на Мундијалот. Англичаните вечерва ќе се соочат со Сенегал во осминафиналето. „Се чувствувам многу добро. Немам здравствени проблеми и секој ден се чувствувам подобро. Ќе беше убаво да имав 2-3 гола до сега, но во групата се одеше според планот, а сега почнуваат важните натпревари“, изјави Кејн. „Досегашните натпревари не беа премногу груби и се чувствувам одлично. Не сум уморен и мислам дека играм добро. Настапот обично…
Кристијан Пулишиќ доби „зелено светло“ да се врати на теренот откако заработи повреда на средбата со против Иран. Напаѓачот на Челзи го постигна победничкиот гол за „јенките“ во вторникот пред да признае пред медиумите дека заработил повреда на карлицата. Сепак, тој сега се опоравил, што значи дека би можел да настапи против Холандија во воведното осминафинале на Светското првенство во Катар. САД имаат и други проблеми со повреди во пресрет на мечот со Холандија. Напаѓачот Џош Сарџент има повреда на зглобот што може да го исклучи од пресметката со „лалињата“.
Капитенот на Ј. Кореја, Мин Сон беше исклучително среќен откако ја совладаа Португалија со 2:1 и се пласираше во 1/8-финалето на Светското првенство во Катар. „Очекувавме да биде тежок натпревар, но не се откажавме. За време на Светското првенство во 2014 година дадовме се од себе, но среќата не беше на наша страна и не ги поминавме групите. Горд сум на играчите. Плачам од радост, толку долго го чекавме овој момент и верувавме во него. Имаше моменти кога не можев да дадам се од себе и им благодарам на соиграчите што ме покриваа кога не можев да ги исполнам сите…
Луис Суарез ја обвини ФИФА дека „секогаш е против Уругвај“. Учеството на напаѓачот во репрезентацијата на Уругвај на Светското првенство во Катар заврши во солзи и покрај победата од 2-0 против Гана во последниот натпревар од групната фаза во петокот. Уругвај протестираше бидејќи со имаше сериозни претензии за пенал по контактот на Дарвин Нуњес и Даниел Амарти во шеснаесетникот на африканскиот тим, но судиите не покажаа на белата точка, а Уругвај остана без третиот гол кој им беше потребен за пат понатаму. „Пеналот над Дарвин беше многу чист. Имаше контакт“, изјави ветеранот Суарез, дополнувајќи:„По мечот сакав да го прегрнам семејството,…
