Author: saso

Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски, испрати искрени честитки до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини за историскиот успех и изборениот пласман на Европското првенство во фудбал 2021! Во исто време, заради извонредните спортски резултати и 20 годишна меѓународна афирмација на македонскиот спорт, Горан Пандев ќе биде прогласен за Олимписки Великан на МОК! „Најдобрите македонски фудбалери изгинаа на теренот, го одиграа најдобриот натпревар во овие квалификации, токму кога беше најпотребно! Сите со срце поголемо од најголемата планина, мудро, умно и со големо знаење и неверојатна смиреност, одлучност, сигурност и самодовербасе изборија за свое место во историјата на македонскиот…

Read More

Екипата на Манчестер Јунајтед планира да се раздели со играчот за врска Пол Погба. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да ги слушнат понудите за Французинот на крајот на сезоната. Менаџерот на тимот Оле Гунар Солсјаер се помирил со фактот дека Погба не може да биде партнер со зимското засилување Бруно Фернандеш. Ова е причината зошто светскиот шампион останува на клупата на пет од последните седум натпревари на тимот. Играчот од средниот ред најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид, бидејќи Јунајтед ќе мора да го продаде по пониска цена.

Read More

По вчерашните бараж мечеви, познати се сите 24 репрезентации кои следното лето ќе се борат за европската фудбалска круна. Македонија ќе го има своето деби на континенталните собири и ќе биде дел од групата „Ц“ каде веќе се и селекциите на Холандија, Украина и Австрија.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација која синоќа го оствари историскиот сон, пласман на ЕП, се врати во Скопје. По долгиот пат од Тбилиси, авионот поради густата магла во Скопје мораше да слета во Приштина, па од таму до Скопје со автобус на патот до нашата држава. На граничниот премин Блаце имаше дочек од владината експедиција на чело со премиерот, а нашиот селектор Игор Ангеловски пред новинарите потенцираше дека е благодарен за пречекот и најголема сатисфакција му е што овој успех успеал да го обедини македонскиот народ. „Ви благодарам што не пречекавте на наша територија. Среќни сме што успеавме да го обединиме народот.…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација е еден од учесниците на завршницата на европското фудбалско првенство кое ќе се одржи следната година. По победата над Грузија во Тбилиси од 1:0 нашите момци имаа причини да бидат радосни, да се гордеат со успехот кој ги надминува сите досегашни на македонската фудбалска сцена. Секоја чест момци!

Read More

Македонската фудбалска репрезентација го исполни сонот. Славиме во Тбилиси со 1:0 со голот на Горан пандев во 56. минута и успеавме да го исполниме сонот на генерации македонски фудбалери, да заиграме на завршницата на големиот континентален собир идната година. Во меч со две различни полувремиња, Македонија заслужи победа. Во првиот дел домашните имаа за нијанса повеќе од играта, ние бевме внимателни и не успеавме да креираме шанса за гол. Во второто полувреме по брилијантната калчо-комбинација на триото Елмас, Несторовски, Пандев, нашиот капитен и најдобар фудбалер успеа да ја протне топката во мрежата на домашниот голман Лорија и да донесе голема…

Read More

Пред најважниот натпревар во својата кариера, но и историјата на македонскиот фудбал, Горан Пандев во интервју за ФФМ вели дека остана само уште еден чекор до остварување на неговиот сон. Капитенот најпрвин се огласи на „Инстаграм потенцирајќи: „113 натпревари, повеќе од 19 години носење на овој свет дрес, многу порази, победи, радости и понижувања. Многу убави и лоши работи поминав со тебе Македонијо….. Остана уште еден чекор до остварување на мојот сон, до остварување на сонот на моите колеги, на моето семејство, на цела нација. Во овие тешки времиња, да се обединиме сите заедно и да се обидеме сонот да…

Read More

По две години „чекање“, сјајната Американка конечно во „црвено-жолтиот“ дрес на нашиот женски сениорски национален тим. Девана Бонер, kошаркарката на Конектикат Сан ќе биде дел од нашиот национален тим за овој ноемвриски „прозорец“ на ФИБА, односно турнирот кој во текот на оваа седмица ќе се одржи во Рига. Оваа 33 годишна кошаркарка ја има зад себе веројатно и една од најдобрите сезони во својата долга кариера во ВНБА лигата. Vажи за трет стрелец во најквалитетната женска кошаркарска лига на светот. Сезоната ја заврши со просек од 19.7 поени по натпревар. Шести „крадец“ е во лигата, затоа што во просек освојува…

Read More

Наполи ќе поднесе жалба до повисокиот суд за одлуката за службен пораз од 3:0 на неодиграниот меч со Јувентус. Вчера, Комисијата за жалби на Италијанската фудбалска федерација ја отфрли жалбата на Наполи и ја потврди претходно донесената одлука, мечот службено да го добие италијанскиот шампион. Дербито требаше да се игра во Торино на 4 октомври, но Наполи не се појави бидејќи наполитанските здравствени власти му забранија на тимот да патува во Торино поради двајца заразени со коронавирус. Сепак, Италијанската фудбалска федерација донесе одлука дека Наполи го прекршил медицинскиот протокол во Серија А. „Наполи не се согласува со одлуката, бидејќи комисијата…

Read More