Ред Бул е „отворен“ за Себастијан Фетел во случај четирикратниот светски шампион да сака повторно да влезе во Формула 1. Ова го најавија од светскиот првак во Формула 1, истакнувајќи дека 35-годишниот Фетел, сепак, можеби не е заинтересиран за повторно тркање, но може да стане важна алка од менаџментот на Ред Бул.
„Имаме два тима, така што сме отворени за соработка“, изјавил Хелмут Марко.
„Неговиот живот дефинитивно ќе биде различен од оној што го имал како возач. Ќе доаѓа на работа порано, ќе заминува подоцна и ќе добива само мал дел од платата на пилотот“, со насмевка изјавил Марко.