Британецот Тајсон Фјури ја одбрани титулата на ВБЦ во тешка категорија победувајќи го својот сонародник Дерек Чисора со прекин во десеттата рунда на дуелот одржан синоќа во Лондон на стадионот на Тотенхем.
Битката беше во еден правец од самиот почеток и беше само прашање кога шампионот ќе ја заврши во своја корист. Така Фјури остана непоразен во 34. професионална борба во кариерата (33 победи, едно реми), а Чисора сега има биланс од 33 победи и 13 порази.