Италијанскиот Формула 1 тим Ферари ја прифати оставката на шефот Матија Биното. Биното ќе се повлече од функцијата на 31 декември.
„Би сакал да му се заблагодарам на Матија за неговиот огромен, фундаментален придонес во тимот. Благодарение на неговите напори минатата сезона, Ферари успеа повторно да стане конкурентен. Сите ние во Скудерија и пошироката заедница на Ферари му посакуваме на Матија се најдобро во иднината“, изјави извршниот директор на Ферари, Бенедето Виња.
Претходно беше објавено дека Биното одлучил да го напушти Ферари поради недоверба од страна на претседателот на компанијата Џон Елкан.