Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај повторно побара од раководството на Каталонците да му најдат тим во кој ќе замине оваа зима поради слабата минутажа што ја добива во каталонскиот табор. Во тековната сезона, 28-годишниот Холанѓанец мина само 131 минута на терен и постигна еден гол. Според „Експрес“, меѓу најверојатните претенденти во борбата за играчот не е само Манчестер Јунајтед, туку и уште еден тим од Премиер лигата – лондонски Тотенхем.
Author: saso
Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави за првпат по осум години се враќа на Мундијалите, па селекторот на оваа репрезентација, Грег Берхалтер веќе го стокми списокот од 26 играчи на кои ќе смета на првенството во Катар. Во последната листа се најдоа и голманот на Арсенал, Мет Тарнер, дефанзивецот на Милан, Сержињо Дест, играчот од средниот ред на Јувентус, Вестон Мекени и Кристијан Пулишиќ од Челзи. Американците премиерата ќе ја имаат на 21 ноември против Велс.
Екипата на Ливерпул имаше тежок дуел со Дерби Каунти во Лига Купот и на пенали успеа да се избори за пласман во осминафиналето. Ирскиот голман Келехер блескаше во пенал рулетот со вкупно 3 одбрани кои го испратија Ливерпул во следната фаза. „Во последните пет минути од играта веќе се чувствуваше дека работите одат на пенали. Се фокусирав на тоа да им помогнам на момците со неколку одбрани“, изјави Келехер по натпреварот. Интересно, Келехер не е херој во пенал-рулетот за првпат. Ова беше четвртипат тој со своите одбрани на пеналите да го однесе тимот во следната фаза и тоа го прави…
Нашата ракометна репрезентација не успеа да ја оствари првата победа во групната фаза на ЕХФ Европското првенство во Скопје и да обезбеди пласман во вториот круг од натпреварите на првенството. Во клучниот меч во битката за 3. место во групата, избраничките на селекторот Љубомир Савевски беа поразени од Романија со 31:23. Нашата селекција одигра одлично прво полувреме, во кое постојано во чекор се држеше со фаворитките. Успеавме на пауза да заминеме со тесни 12:13, но во вториот дел Романија успеа да ја најде вистинската формула за успех и да ги искористи сите наши промашувања за да дојде до комотна предност…
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен е именуван во прелиминарниот состав на данската фудбалска репрезентација за Светското првенство во фудбал во Катар. Ериксен (30) кој колабираше за време на првиот натпревар на ЕП 2020 против Финска минатата година се врати на терените и продолжи со кариерата. Данска денеска именуваше 21 играч од 26-члениот тим кој ќе патува за Катар, а последните 5 играчи ќе бидат одбрани по последното викенд коло низ Европа. „Многу работи можат да се случат“, изјави селекторот на Данска, Каспер Хјулманд. „Остануваат уште два натпревари за многу од нашите играчи, а тоа лесно може…
Четворица аргентински пријатели поминале 10.500 километри со велосипеди низ патиштата од Јужна Африка за да стигнат до Доха пред претстојното Светско првенство во фудбал. Матијас Виљароел, Силвио Гати, Леандро Бланко и Лукас Ледезма беа пречекани од десетици аргентински навивачи во главниот град на Катар во понеделникот вечерта. „Неверојатно, неверојатно затоа што беше толку долго патување преминување од Кејптаун, Јужна Африка и низ Африка до Блискиот Исток“, изјави Леандро Бланко за тоа како се чувствувал на патот кон Катар. „Ова е за луѓето од Аргентина и остатокот од светот. Ние сме тука за Меси и за сите наши фудбалери кои очекуваме…
Серијата без пораз на Реал Мадрид во Ла Лига заврши синоќа. „Кралевите“ загубија со 3:2 на гостувањето против Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски и му го оставија врвот на табелата на својот главен конкурент, Барселона. Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е вознемирен поради резултатот, но сигурен дека тимот повторно ќе се издигне. „Знаевме дека така ќе играат. Тие беа подобри од нас во дуелите. Само имавме лоша ноќ и така е. Винисиус промаши две-три шанси од кои обично постигнува гол, а исто така и Асенсио. Ова не беше добар натпревар за нас. Ни недостигаат свежи нозе, што е…
Кошаркарите на Атланта на домашен терен го совлада Милвоки со 117:98, со што му го нанесоа првиот пораз сезонава на шампионот од 2021 година. Поради повреда на потколеницата, за домашните не настапи најдобриот стрелец Тре Јанг, па до победата ги предводеше Дежонте Мареј со 25 поени, 11 асистенции и осум скока. Кај гостите Јанис Адетокунпо постигна 25 поени. Интересно е што ова беше 31-виот последователен натпревари за Атланта во регуларниот дел од сезоната во НБА во кој постигнаа најмалку 100 поени. Денвер на гости го победи Сан Антонио со 115:109 и со тоа му го нанесоа четвртиот последователен пораз во…
Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, е вклучен во составот на тимот за претстојниот натпревар од Ла Лига против Осасуна, објавија од каталонскиот тим. 35-годишниот ветеран претходно најави дека заминува во пензија по мечот со Алмерија кој неговиот тим го одигра на „Камп Ноу“. Неговото присуство во составот на Барселона е поради проблеми во составот. Чави нема да му дозволи предвреме да замине, затоа што го гледа како солуција во последната линија за последните годинешни дуели во Ла Лига.
Селекторот на Бразил, Тите, вчера го објави списокот од 26 играчи на кои ќе смета за Светското првенство во Катар од 20 ноември до 18 декември. Меѓу неговите избраници се најде и 39-годишниот десен бек Дани Алвеш. Дефанзивецот, кој игра за мексиканскиот УНАМ Пумас, е едно од големите изненадувања во тимот, но очигледно Тите процени дека со неговите 125 натпревари за „кариоките“, неговото искуство ќе биде непроценливо. Поранешниот играч на Барселона дебитираше на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, а играше и на Светското првенство во Бразил во 2014 година, додека поради повреда го пропушти Светското првенство во…
