Author: saso

Македонската футсал репрезентација до 19 години вчера ги доби противниците за претквалификациите на ЕП 2023. Македонија ќе биде домаќин на групата „Ц“ во која се најдоа и Косово и селекцијата на Германија. Натпреварите од оваа група ќе се играат од 17 до 22 јануари следната година во Скопје. Победникот на групата ќе се пласира во „Главната рунда“, каде ќе биде вклучен во групата 3, во која се Португалија, Словачка и Белорусија.

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, синоќа ја изненади јавноста со објавата дека одлучил да ја заврши својата фудбалска кариера. Според информациите од Шпанија, шпанскиот фудбалер бил погоден од фудбалските проблеми, како и проблемите со медиумите, поради кои беше на мета во подолг период. Пике се чувствувал и навреден од претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, но не сакал тоа да го објави јавно. Харизматичниот дефанзивец и легенда на шпанската репрезентација ненадејно најави заминување од матичниот клуб и воопшто од фудбалот. Својата одлука ја објави во двеминутно емотивно видео на социјалните мрежи. И сега, кога соништата на тоа дете се остварија, сакам…

Read More

Вчера се одиграа натпреварите од последното коло во групната фаза на Лигата на Европа, по што станаа познати сите екипи кои ќе ја продолжат битката за трофејот. Победниците во групите директно се квалификуваа за осминафиналето, а второпласираните во групите, како и екипите кои доаѓаат од Лигата на шампионите, ќе играат плеј-оф за пласман во осминафиналето. Директно во 1/8-финалето се најдоа: Реал Сосиедад, Феенорд, Фрајбург, Ференцварош, Бетис, Арсенал, Фенербахче, и Ројал Унион. Во плеј-оф рундата за пласман во осминафиналето ќе мора да играат второпласираните тимови од групите и тоа: Манчестер Јунајтед, Митјиланд, Нант, Монако, ПСВ Ајндховен, Рен, Рома и Унион (Берлин),…

Read More
NBA

Српскиот центар Никола Јокиќ го престигна легендарниот Вилт Чембрлен и стана центар со најмногу трипл-дабл учиноци во историјата на НБА лигата. Во победата против Оклахома синоќа од 122:110, Јокиќ го забележа својот 79. трипл-дабл во кариерата и уште еднаш покажа зошто е двократен МВП. Интересно е што синоќешниот трипл-дабл дојде во една од најлошите негови партии, каде имаше само 15 поени, но со 14 асистенции и 13 скока, но притоа исто така имаше и рекордни 10 загубени топки. Во вториот ноќешен меч екипата на Орландо со 130:129 славеше над Голден Стејт нанесувајќи му го четвртиот последователен пораз на шампионот. Стеф…

Read More

Ракометната федерација на Македонија ја информираше јавноста дека ќе субвенционира 40 отсто од цената на билетите од категорија 2 и од категорија 3 кои ќе бидат купени во периодот од 2 до 9 ноември за време на Европското ракометно првенство за жени кое се одржува во Скопје. „Би сакале да ја информираме македонската јавност дека цените на билетите за натпреварите од претстојното Ракометно првенство за жени имаат заштитена цена, која е дефинирана и утврдена од Европската ракометна федерација (ЕХФ) за четирите града во кои ќе се одржува шампионатот: Скопје, Подгорица, Љубљана и Целје. Билетите се поделени во три категории и…

Read More

Баерн има намера да го задржи 33-годишниот камерунски напаѓач Ерик Чупо-Мотинг, кој покажа високи перформанси оваа сезона. Според извори во клубот, за новиот договор на Чупо-Мотинг ќе се разговара во наредните месеци. Тој е речиси клучен играч во тимот на Нагелсман, а во последниот натпревар од 6. коло од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА со Интер (2:0) постигна уште еден гол. Севкупно, Чупо-Мотинг оваа сезона забележа 13 настапи за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи дури осум гола и обезбедувајќи три асистенции. Тој му се приклучи на германскиот клуб во октомври 2020 година како слободен агент од ПСЖ,…

Read More

Египетскиот напаѓач од екипата на Ливерпул, Мохамед Салах ја презема лидерската улога на листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите. Голот на Салах на синоќешниот дуел со Наполи во мечот од 6. коло од групната фаза беше негов седми оваа сезона во групната фаза. Салах сега има еден гол повеќе од напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, со тоа што Французинот денеска ќе игра во Торино против Јувентус, па има шанси да се израмни, па дури и да го симне Салах од првото место. По пет гола во оваа фаза имаат напаѓачот на Порто, Мехди Тареми, напаѓачот на Барселона Роберт…

Read More

42-годишниот шпански стручњак на клупата на Барселона, Чави, на прес-конференцијата по синоќешната победа во Чешка над Викторија Плзен, истакна дека неговиот тим со истиот елан ќе продолжи и во Лигата на Европа. „Оценка на нашиот настап во групната фаза од Лигата на шампионите е секако неативна. Имавме шанси да влеземе во плеј-офот, се зависеше од нас, но не успеавме, не ги искористивме сопствените можности. Сега сме фаворити во Лигата на Европа. Тоа е големо натпреварување, и во него ќе се бориме за освојување на трофејот“, вели Чави. Барселона освои седум бода на шест натпревари и го зазеде само третото место…

Read More

Глазгов Ренџерс и официјално е најлошиот тим кој учествувал во групната фаза од Лигата на шампионите. по синоќешниот пораз од Ајакс во последното коло од натпреварите по групи, шкотскиот клуб групата ја заврши без да освои ниту еден бод во шесте одиграни натпревари. Ренџерси претрпеа два порази со резултат 3:0 од Наполи; 2:0 и 7:1 од Ливерпул, како и два порази од Ајакс со 4:0 и 3:1. Тоа значи дека избраниците на Џовани ван Бронкхорст во шест меча примија вкупно 22 гола, а постигнаа само два со негативна гол разлика од -20. Со овој антирекорд, Ренџерс го минаа хрватски Динамо…

Read More
NBA

Кошаркарите на Оклахома го победија Орландо со 116:108 и ја постигнаа четвртата последователна победа во НБА лигата. Оклахома до триумфот ја предводеше Шеј Гилгес-Александер со 34 поени, шест асистенции и четири скока, од кои 13 поени ги постигна во четвртата четвртина и и помогна на Оклахома да излезат од негатива од 15 поени во вториот дел. Мајами го победија Голден Стејт во дербито на вечерта со 116:109 и му го нанесоа третиот последователен пораз. Макс Струс со 24 поени и Џими Батлер со 23 поени, осум асистенции и шест скока беа предводници на „жешките“. Кај гостите Стивен Кари оствари трипл-дабл…

Read More