Кошаркарите на Оклахома го победија Орландо со 116:108 и ја постигнаа четвртата последователна победа во НБА лигата. Оклахома до триумфот ја предводеше Шеј Гилгес-Александер со 34 поени, шест асистенции и четири скока, од кои 13 поени ги постигна во четвртата четвртина и и помогна на Оклахома да излезат од негатива од 15 поени во вториот дел.
Мајами го победија Голден Стејт во дербито на вечерта со 116:109 и му го нанесоа третиот последователен пораз. Макс Струс со 24 поени и Џими Батлер со 23 поени, осум асистенции и шест скока беа предводници на „жешките“. Кај гостите Стивен Кари оствари трипл-дабл учинок од 23 поени, 13 скока и 13 асистенции.
Феникс ја постигнаа петтата последователна победа откако ја победи Минесота со 116:107. Камерон Џонсон беше најефикасен во победничкиот тим со 29 поени. Чикаго го победи разнишаниот Бруклин со 108:99 и ја прекинаа серијата од два порази. Зек Левин ги предводеше Булси со 29 поени, од кои 20 постигна во четвртата четвртина. Бруклин го одигра првиот натпревар откако Стив Неш беше отпуштен во вторникот и го претрпе шестиот пораз во осум натпревари во сезоната. Најефикасен кај Нетси беше Кевин Дурент со 32 поени.