По две продолженија, кошаркарите на Милвоки на гости ја победија Оклахома со 136:132 и со тоа ја постигнаа и 10-тата победа во 11-тиот натпревар сезонава. Победата на Милвоки е дотолку поважна затоа што кај нив не настапија двајцата најдобри кошаркари, Јанис Адетокунпо и Џру Холидеј поради повреди.
Лос Анџелес Клиперс како домаќини го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 114:101 и со тоа ја остварија деветтата последователна победа над градскиот ривал. Пол Џорџ ги предводеше Клиперси до победата со 29 поени, додека Леброн Џејмс со 30 поени беше најефикасен кај поразените. Лејкерси по овој пораз остануваат на две победи од 11 натпревари.
Бруклин на домашен терен беше подобар од Њујорк со 112:85. На клупата на Бруклин дебитираше тренерот Жак Вон, а најдобар учинок имаше Кевин Дурент со трипл-дабл од 29 поени и 12 скока и асистенции. Тој стана првиот играч по Мајкл Џордан кој постигнал најмалку 25 поени на сите 12 натпревари од почетокот на сезоната.
Јута предводена од Лаури Марканен (32 поени) на гости ја победи Атланта со 125:119, додека Денвер синоќа на гости го победи тимот на Индијана со 122:119.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Портланд 95:105
Индијана – Денвер 119:122
Атланта – Јута 119:125
Бостон – Детроит 128:112
Бруклин – Њујорк 112:85
Торонто – Хјустон 116:109
Чикаго – Њу Орлеанс 111:115
Оклахома – Милвоки 132:136 пр.
Сан Антонио – Мемфис 122:124
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 114:101
Сакраменто – Кливленд 127:120