Тајсон Фјури ќе продолжи со трилогиската борба со стариот непријател Дерек Чисора на 3 декември по колапсот на преговорите за потенцијална домашна пресметка со Ентони Џошуа.
Фјури објави дека ќе боксува со Дерек Чисора на стадионот на Тотенхем во Лондон. Мечот против Чисора, кого Фјури претходно го победи во 2011 и 2014 година, ќе биде прва борба на 34-годишниот Фјури по рутинскиот прекин во шестата рунда на дуелот со Дилијан Вајт во април оваа година.
Промоторот на Фјури, Френк Ворен, изхјави дека е возбуден што пред британските навивачи во Лондон Тајсон Фјури ќе ја брани светската титула.