На денешен ден, 13 октомври, во 1993 година, македонската фудбалска репрезентација го имаше дебито на европската фудбалска сцена, одигрувајќи го пријателскиот натпревар со Словенија во Крањ. Предводени од селекторот Андон Дончевски, нашите фудбалери го прегазија противникот со 4-1. Првиот историски гол за Македонија беше дело на Зоран Бошковски – Чоко, а во листата на стрелците се запишаа и Дарко Панчев, Чедомир Јаневски и Драги Канатларовски. https://www.youtube.com/watch?v=5dNTuE3o5NA
Author: saso
Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 15 години загуби од Србија си 3:2 во вториот пријателски меч одигран во Скопје. По ремито од пред два дена (2:2), денеска избраниците на селекторот Раде Каранфиловски беа минимално поразени. Головите за нашата селекција ги постигнаа Митановски и Грашевски.
Играчот од средниот ред на Јувентус, Анхел Ди Марија, се повреди во првото полувреме на натпреварот против Макаби во 4. коло од групната фаза на Лигата на шампионите (0:2), па денеска стана јасно за каква повреда станува збор. Денеска Аргентинецот беше прегледан и беше откриено дека има повреда на задниот дел на бутот. Закрепнувањето на играчот ќе трае околу 20 дена.
Жил Кунде ќе може да игра за Барса на натпреварот против Реал Мадрид во Ел Класико пресметката овој викенд. Дефанзивецот на Барселона е блиску до опоравување од повредата и според лекарите ќе биде подготвен да го одигра големото дерби. Тој ќе патува со тимот во Мадрид. 23-годишниот фудбалер имаше мала повреда на бицепсниот мускул на левата бутина на последниот настап за француската репрезентација.
Аргентинскиот плејмејкер Факундо Кампацо (178 см, 31 година) се согласил да потпише договор со Далас Маверикс. Кампацо ги помина претходните две сезони во Денвер. Минатата година тој имаше просек од 5,1 поен и 3,4 асистенции по меч. Аргентинецот имаше понуди да се врати во Евролигата, каде Реал Мадрид и Фенербахче сакаа да го видат во своите редови. Сепак, тој избра да потпише 1-годишен договор вреден 2 милиони долари со Далас, каде повторно ќе биде во ист тим со Словенецот Лука Дончиќ, со кого заедно играа во Реал (М).
Убедлив старт и убедлив триумф. Македонската ракометна репрезентација квалификациите за ЕП 2024 ги почна со убедлива победа на домашен терен против аутсајдерот Луксембург со 38:24. Во меч во кој доминиравме од првата до последната минута, селекторот Лазаров го искористи дуелот да провери и дел од квалитетите на останатите помлади ракометари кои треба да се наметнат во иднина во нашиот сениорски состав. Сепак, мечот го предводеа извонредниот Митревски на голот со 8 интервенции, а одлично го наследи и Кизиќ со уште 6. На листата на стрелци Филип Кузмановски и Цветан Кузманоски постигнаа по 5 гола, додека Ѓорѓиев имаше 4.
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром загуби во СЦ „Јане Сандански“ од белградски Партизан со 92-74 во рамките на 2. коло во регионалната кошаркарска АБА лига. Партизан ја оправда фаворитската улога, а клучната предност ја направи уште во првата четвртина која ја реши во своја корист со 23-9. Најефикасен во редовите на МЗТ и на натпреварот беше Страхиња Мицовиќ со 18 поени, а новото американско засилување во тимот од Аеродром, Мајкл Кафи, постигна поен помалку. За кошаркарите на МЗТ Скопје ова беше прв натпревар на домашен терен по пауза од четири години од настапите во АБА лигата. Следен противник на…
По денешната ждрепка во Франкфурт, со свое размислување се јави и селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски. „Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите.…
Во Франкфурт денеска беа одредени сите 10 квалификациски групи за циклусот квалификации за Еуро 2024. Македонија немаше среќа и се најде во најтешката група заедно со селекциите на Италија, Англија, Украина и Малта. Интересно ќе биде и во уште неколку други групи. Во групата Б се најдоа Холандија и Франција, а со нив и Р. Ирска, Грција и Гибралтар. Групата „Г“ е наречена балканска, затоа што во неа ќе учествуваат Унгарија, Србија, Црна Гора и Бугарија, заедно со Литванија.
Италија, Англија, Украина и Малта. Тоа се противниците на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година. На денешната ждрепка во Франкфурт, нашата репрезентација се најде во најсилната можна група со три исклучително квалитетни селекции кои че се борат за директен пласман на Еуро 2024. Квалификациите стартуваат на 23/25 март следната година, а треба да завршат до крајот на годината. Првите две селекции од секоја група одат на Еуро 2024, каде директно е пласиран домаќинот Германија.
