Аргентинскиот плејмејкер Факундо Кампацо (178 см, 31 година) се согласил да потпише договор со Далас Маверикс.
Кампацо ги помина претходните две сезони во Денвер. Минатата година тој имаше просек од 5,1 поен и 3,4 асистенции по меч.
Аргентинецот имаше понуди да се врати во Евролигата, каде Реал Мадрид и Фенербахче сакаа да го видат во своите редови. Сепак, тој избра да потпише 1-годишен договор вреден 2 милиони долари со Далас, каде повторно ќе биде во ист тим со Словенецот Лука Дончиќ, со кого заедно играа во Реал (М).