Author: saso

Тренерот на Барселона, Чави лут на судиите по синоќешниот пораз на Каталонците во Милано на натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА против Интер (0:1). „Лут сум затоа што се соочивме со неправда. Доживеавме многу опасен пораз. Остануваат уште три меча и сега сме во крајно непријатна положба. Фудбалерот на Интер играше со рака. Судијата игра важна улога во овој спорт, тој мора да излезе и да ја објасни својата одлука. Не сакаше ништо да ми објасни. Ова е Лига на шампиони и има висока конкуренција. Се обидовме, создадовме повеќе шанси од противникот, но…

Read More

Шесткратниот учесник на НБА Ол-стар натпреварите, Блејк Грифин, заминува од Бруклин и се сели во Бостон. 33-годишниот кошаркар кој своите најдобри денови ги имаше како кошаркар на ЛА Клиперс, минатата сезона не се прослави во Бруклин. Одигра 56 натпревари со просек од само 6,4 поени по натпревар., па затоа и се реши на преселба. Бостон минатата година играше во финалето на плејофот каде беше поразен од Голден Стејт Вориорс.

Read More

По пауза од четири години, МЗТ Скопје се враќа во АБА лигата и тоа со огнено крштевање вечерва во Белград против актуелниот првак – Црвена Звезда. Во првите три кола „штрковите“ ќе играат против три кандидати за титулата (Ц. звезда, Партизан и Будуќност), од кои два се и евролигаши. За МЗТ Скопје, предводен од тренерот Петровиќ, како и од искусните играчи Војдан и Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, главна цел ќе биде да се обезбеди опстанок во лигата. „АБА-лигата е меѓу трите најквалитетни натпреварувања во Европа. Пред нас е напорна, тешка сезона, но ние на секој меч…

Read More

Фудбалерот на Тотенхем, Лукас Моура призна дека постои можност за негова преселба во Севиља. Во последните денови се појавија информации за интересот на шпанскиот клуб за Бразилецот, кој е подготвен да се пресели на „Рамон Санчез Писхуан“ доколку дојде до вистинска понуда. „Не знаев за интересот од Севиља. Но, тоа е голем клуб, слушнав добри работи за градот, а исто така и тимот игра во Ла Лига, што е лига што многу ја сакам бидејќи таму играат технички фудбал и тоа ќе одговара на мојот стил. Ајде да видиме што ќе се случи. Имам договор со Тотенхем уште една година.…

Read More

Екипата на Рома е заинтересирана за украинскиот интернационалец од Аталанта, Руслан Малиновски, пишува „Калчомеркато“. Договорот на Украинецот истекува за една година и „римјаните“ веќе ја истражуваат можноста да го обезбедат неговиот потпис. Рома се обиде летово да заштеди пари со доста внимателно одбрани засилувања, па Мурињо сега тргнува по Малиновски кој уште оваа зима би можел да заигра на „Олимпико“. Во моментов Украинецот во Бергамо заработува околу 1 милион евра годишно, а негова желба е барем да ги удвои приходите во следниот клуб.

Read More

Барселона сака да се договори со Атлетико Мадрид за трансферот на Антоан Гризман пред почетокот на Светското првенство во Катар. Гризман, кој моментално е на позајмица во Атлетико до летото 2023 година, има договор со Барселона до јуни 2024 година, но повеќе од јасно е дека каталонската страна не сака тој да се врати на „Камп Ноу“ следната сезона. Иако се уште е квалитетен играч, неговиот стил на игра не одговара на планот на тренерот Чави Ернандез и пред се неговата висока плата би била вистински проблем за тимот кој се бори да се справи со финансиските проблеми на прво…

Read More

По 18. пат в недела низ улиците на Скопје ќе се трча Скопскиот атлетски маратон. На денешната прес-конференција, директорот на трката Кире Синадиновски и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, најавија уште една грандиозна манифестација со учество на над 8700 тркачи од 47 светски земји. Според зборовите на Синадиновски, в недела ќе има тројца маратонци од Кенија, двајца во машка и една во женска конкуренција, а оваа година за настап се пријавени и сите македонскимаратонци, иако Атлетската федерација на Македонија не е дел од организацијата на настанот. Стартот на Скопскиот маратон в недела ќе биде во 8 часот пред Собранието на…

Read More

Единственото спортско радио во Македонија, Спортското радио 90.3 фм следниот викенд (7-9 октомври) во Скопје ќе ја собере балканската фудбалска елита како дел од големиот ЈУБИЛЕЈ – 30 години „Турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија“. Турнирот и оваа година ќе биде несекојдневен спортско-забавен настан со учество на некогашните ведети на фудбалската сцена во поранешна Југославија меѓу кои и репрезентациите на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Во секоја од селекциите ќе бидат дел од некогашните големи имиња на екс-ју фудбалот, „засилени“ со по некоја естрадна ѕвезда од регионот. Деновиве траат завршните подготовки и во репрезентацијата на Србија,…

Read More

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини имаше средба со првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино, кој во претходните денови беше на посета на неколку балкански федерации. Сејдини по средбата со претседателот на ФИФА соопшти дека ФФМ ја има големата поддршка на ФИФА. „Со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, чија поддршка е секогаш добредојдена за федерации како ФФМ. Одличните односи и соработка ќе продолжиме да ги негуваме и во иднина, а во преден план ни е унапредувањето на фудбалот и инфраструктурата. Инфантино ни вети дека поддршката од ФИФА во овој дел нема да изостане и наскоро…

Read More

Челзи веќе постигнал прелиминарен договор со напаѓачот на РБ Лајпциг, Кристофер Нкунку, пишува новинарот Николо Шира. Во јуни 24-годишниот напаѓач го продолжи договорот со клубот од Лајпциг до летото 2026 година, а во договорот има и ослободителна клаузула од 60 милиони евра. „Билд“ додава дека веќе овој месец Нкунку бил на лекарски прегледи во Франкфурт кои се поврзани со договорот со Челзи. Оваа сезона Нкунку постигна 6 гола и направи 1 асистенција на 11 натпревари за РБ Лајпциг во сите натпреварувања.

Read More