Шесткратниот учесник на НБА Ол-стар натпреварите, Блејк Грифин, заминува од Бруклин и се сели во Бостон.
33-годишниот кошаркар кој своите најдобри денови ги имаше како кошаркар на ЛА Клиперс, минатата сезона не се прослави во Бруклин. Одигра 56 натпревари со просек од само 6,4 поени по натпревар., па затоа и се реши на преселба.
Бостон минатата година играше во финалето на плејофот каде беше поразен од Голден Стејт Вориорс.