Трикратниот грен слем шампион Енди Мареј одговори на новинарско прашање дали размислува наскоро да стави крај на кариерата. „Засега не размислувам за тоа. Сè уште сум конкурентен и физички подготвен против врвните момци. Дефинитивно не сакам и не заслужувам заминување како што го имаше Роџер. Тој тоа го заслужи и беше одлично што сите гледаа од трибините, нивното присуство ја направи оваа вечер посебна. Не планирам таков проштален натпревар. Веројатно ќе објавам кога ќе го одиграм мојот последен турнир и сето тоа, но не знам кога ќе биде тоа“, вели Мареј.
Author: saso
Во очи на денешниот последен меч од Лигата на нации во сегментот „Ц“, селекторот и капитенот на нашата фудбалска репрезентација, вчера пред новинарите ги искажаа своите очекувања од дуелот со Бугарија. “Очекувам како и на секој натпревар да се потрудиме да победиме. Што ќе донесе играта ќе видиме. Момците се спремни да покажат дека незаслужено загубивме во Тбилиси”, вели селекторот Милевски. Енис Барди, капитенот на македонската А репрезентација вели дека со трпелива игра треба да ја постигнеме целта. “Мора да сме трпеливи, ќе дојде нашиот момент. Ја знаеме сопствената цел, тоа е пласман на Европското првенство. Потребна е поддршка, сметам…
Капитенот на Унгарија, Адам Салај, во пресрет на натпреварот против Италија од Лигата на нации потврди дека ја завршува својата репрезентативна кариера. „Отсекогаш сонував да играм за унгарската репрезентација, па учеството на две европски првенства и капитенската лента за мене беше големо искуство. Во последните години заедно со репрезентацијата доживеавме прекрасни моменти“, изјави Салаи за официјалниот сајт на УЕФА. 34-годишниот Унгарец за унгарската репрезентација настапува од 2009 година. Тој досега има 26 гола во 85 натпревари за својата репрезентација.
Македонскиот ракомет загуби уште едно големо тренерско име. Денеска во 47-година од животот почина познатиот македонски тренер Андон Бошковски Бошковски целиот свој живот го мина на и околу ракометниот терен. Работеше како тренер во Металург, Вардар, Струга, Голден Арт, Радовиш. Последниот ангажман го имаше на Косово, по што најави враќање во Македонија.
По вчерашниот пораз во Тбилиси од Грузија со 2-0, за нашата фудбалска репрезентација останува само уште дуелот со Бугарија в понеделник во Скопје. Грешките од Скопје на првиот меч со Грузијците, се чини не чинеа добар резултат и на реваншот, затоа што ги повторивме во некои сегменти од играта. Напаѓачот Милан Ристовски за поразот од Грузија изјави: „Повторно изгубивме на свои грешки, слично како на тој натпревар во Скопје. Во прашање е психолошки момент, пад на концентрација. Штета, заслуживме повеќе, имаме квалитет. Не ни останува ништо друго, освен да се одмориме и да направиме анализа каде погрешивме. Фаворите нема, тоа…
Барселона во следниот период ќе мора да игра без Роналд Араухо и Жил Кунде. Според информациите од шпанските медиуми, клубот потврдил дека прегледите направени вез Араухо потврдија дека тој имал пукната тетива на мускул во десната бутина. Оваа повреда ја доби на натпреварот на репрезентацијата на Уругвај против Иран (0:1). Повреда има и Кунде, кој според информацијата има пукнат бицепс на феморисот. Засега не се знае точната пауза која треба да ја направат, но најавата е дека тоа ќе биде период од 3 до 4 недели.
По поразот од Грузијците, нашиот централен дефанзивец Ѓоко Зајков смета дека противникот не је заслужил победата, бидејќи Македонија доминираше на теренот. „Според мене ова е не заслужена победа. Македонија доминираше на терен, Грузијците ги искористија своите шанси. Грешките се составен дел, се прават и ќе се прават. Штета што не успеавме да го отвориме први мечот, но со кранти глави одиме во понеделник. Нема да биде проблем психологија, тоа е посебен меч за чест и гордост. Да ги направиме сите гледачи среќни. Сите млади фудбалери имаат квалитети, за тоа сите сме тука. Квалитетот е тука, само ни треба малку време…
Возачот на Хонда, Марк Маркез, ја освои својата прва пол-позиција оваа сезона, откако утрово беше најбрз на квалификациите пред Јапонското ГП на патеката Монтеги. Шесткратниот шампион во Мото ГП беше најдобар во квалификациите оставајќи ги зад себе Жоан Зарко од Прамак и Бред Биндер од КТМ. Лидерот во генералниот пласман оваа сезона, Фабио Квартараро (Јамаха) утре ќе стартува од деветтата позиција, додека второпласираниот сезонава Италијанецот Бањаја ќе тргне дури како 12-ти.
Словачкиот судија Иван Кружлиак ќе бдие на центарот во Тбилиси на дуелот меѓу Грузија и Македонија во рамките на петочниот дуел од Лигата на нации. Станува збор за судија кој ни судеше на мечот на Исланд во квалификациите за СП кој се одигра минатиот септември, меч кој заврши со резултат 2:2 иако водевме со 2:0.
Вечерва во 19:30 во Апелдорн, македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб ќе го одигра првиот историски меч во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Струмичани се македонската одбојкарска гордост во Европа оваа сезона, затоа што ќе бидат единствениот клуб кој се пријави за настап во европските купови. Динамо Апелдорн е актуелен шампион на Холандија, а ќе има и голема предмноста што Струмица не можеше да смета на руските интернационалнци за овој прв натпревар, бидејќи истите не добија визи за влез во земјата. Натпреварот започнува во 19.30 часот. Реваншот е следната недела во Скопје.
