Возачот на Хонда, Марк Маркез, ја освои својата прва пол-позиција оваа сезона, откако утрово беше најбрз на квалификациите пред Јапонското ГП на патеката Монтеги.
Шесткратниот шампион во Мото ГП беше најдобар во квалификациите оставајќи ги зад себе Жоан Зарко од Прамак и Бред Биндер од КТМ.
Лидерот во генералниот пласман оваа сезона, Фабио Квартараро (Јамаха) утре ќе стартува од деветтата позиција, додека второпласираниот сезонава Италијанецот Бањаја ќе тргне дури како 12-ти.