Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Дончиќ промаши тројка за победа, Чикаго го „среди“ Мајами
    NBA

    Дончиќ промаши тројка за победа, Чикаго го „среди“ Мајами

    sasoBy saso20/10/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарите на Феникс го победија Далас со 107:105 во еден од најинтересните ноќешни натпревари на стартот на новата сезона во НБА лигата. Санс победија со поените на Демион Ли на 9,7 секунди до крајот, откако се вратија од негатива од 22 поени.

    Девин Букер ги предводеше домашните со 28 поени и девет асистенции, додека кај Далас најефикасен беше Лука Дончиќ со 35 поени, девет скока и шест асистенции. Во последните моменти од средбата словенечкиот кошаркар промаши „тројка“ за победа. Кристијан Вуд додаде 25 поени и осум скока за Далас, а Спенсер Динвиди постигна 15 поени.

    Новата сезона со победа ја започна и Чикаго кој го совлада Мајами со 116:108. „Биковите“ ги предводеше Демар Дерозан со 37 поени, од кои 28 постигна во второто полувреме. Кај Мајами, Џими Батлер постигна 24 поени со осум скока. Кошаркарите на Јута победија со 123:102 на домашен терен против Денвер, а дури седум играчи на Јута постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасен меѓу нив беше Колин Секстон со 20, додека Лаури Марканен постигна 17.

    Во тимот на Денвер најефикасен беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ со 27 поени, шест асистенции, четири скока и три украдени топки.

    Детроит – Орландо 113:109

    Индијана – Вашингтон 107:114

    Атланта – Хјустон 117:107

    Бруклин – Њу Орлеанс 108:130

    Мемфис – Њујорк 115:112 пр.

    Мајами – Чикаго 108:116

    Торонто – Кливленд 108:105

    Минесота – Оклахома 115:108

    Сан Антонио – Шарлот 102:129

    Јута – Денвер 123:102

    Фениск – Далас 107:105

    Скраменто – Портланд 108:115

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Дончиќ : Нема ништо сериозно со повредата

    12/11/2026

    Баркли: Лендеборг игра одлично во деби сезоната

    12/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.