Холанѓанецот Макс Верстапен ја одбрани шампионската титула во Формула 1, откако утрово триумфираше на трката за Големата награда на Јапонија, возена на патеката „Сузука“.
Верстапен ја оствари 12-тата победа сезонава, 32 во кариерата, а дојде и до втора титула по ред, иако до крајот на шампионатот остануват уште четири трки во САД, Мексико, Бразил и Обединетите Арапски Емирати.
Поради неповолните временски услови, трката беше одложена, со извозени 40 круга, а оттаму се чинеше дека нема да има ниту целосно бодовно салдо за најдобрите. Но, тоа правило важи само за трки кои не можат да се завршат, што автоматски му ја додели титулата светски шампион на Ферстапен.
Серхио Перес на целта стигна како втор, а Шарл Леклер трет, иако пилотот на Ферари имаше подобра позиција од конкурентите од Ред Бул, но, поради недозволено влегување во шиканата беше казнет со пет секунди и го загуби своето место.