НБА лигата синоќа ги објави резултатите од анкетата спроведена меѓу 30-те генерални менаџери на лигата кои прогнозираа кој ќе биде носителот на титулата „МВП“ за претстојната сезона која започнува на 19 октомври.
Победник на анкетата беше ѕвездата на Далас Маверикс, 23-годишниот словенечки кошаркар Лука Дончиќ, кој доби 48 отсто од гласовите.
Второто место според резултатите од гласањето го зазеде 27-годишниот кошаркар на Милвоки Бакс и предводник на грчката репрезентација Јанис Антетокумпо за кого гласале 34 отсто од испитаниците.
Центарот на Филаделфија Жоел Ембид ја заокружи тројката која ќе ја има улогата на главни фаворити за престижното признание. Интересно во оваа група го нема Никола Јокиќ кој го понесе признанието во минатите две сезони.