Наби Кеита и на почетокот на оваа сезона имаше проблеми со здравјето, па поради тоа се уште не успева да фати стандардно место во тимот на Ливерпул. 27-годишниот играч од средниот ред според некои шпекулации можеше да биде продаден ова лето, но менаџерот на Ливерпул, Клоп, вели дека во оваа ситуација тоа е веќе невозможно. „Да го продадеме Наби сега и да бараме замена? Не, тоа не е можно. Тоа не е планот со кој влеговме сезонава. Играчите нема да си одат без нивна адекватна замена. Затоа Наби нема да не напушти. Но, ако сакаше, тогаш ќе моравме да најдеме…
Author: saso
Њукасл е блиску до договор за напаѓачот на Ватфорд, Жоао Педро. „Страчките“ имаа првична понуда за Педро која беше одбиена минатата недела, но се очекуваат дополнителни разговори во следните 24 часа. Њукасл се надева дека ќе постигне договор за Бразилецот вреден околу 30 милиони фунти, од кои некои ќе бидат бонуси на првичната исплата, а Ватфорд и понатаму сака да го продаде напаѓачот. Менаџерот Хау летово обезбеди три засилувања, Ник Поуп, Мет Таргет и Свен Ботман, но ќе се обиде со уште еден напаѓач кој треба да му биде конкуренција на Калум Вилсон.
Хрватскиот тенисер Борна Чориќ доцна синоќа го постигна својот најголем успех во кариерата победувајќи го седмиот тенисер во светот, Гркот Стефанос Циципас, со 7-6 (0), 6-2 во финалето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Синсинати. Чориќ со овој подвиг стана најслабо рангираниот играч на АТП листата (152.) кој успеал да освои еден турнир од серијата 1000. За втората победа во третиот меч против Циципас, на хрватскиот тенисер му беа потребни еден час и 57 минути.
Со седум натпревари денеска од 17 часот стартува новата сезона и во единствената Втора македонска фудбалска лига. Годинава, за разлика од минатите сезони, ќе имаме една единствена Втора лига со 16 клуба кои ќе се борат за промоција во елитата. Вардар, Гостивар, Беласица, Пелистер се вбројуваат во главните кандидати за двете места кои водат директно во ПМФЛ и третото кое обезбедува бараж. Во денешното прво коло Вардар гостува на Арсими во Гостивар, Беласица гостува на Детонит јуниор, а Гостивар, пак, ќе биде гостин на скопска Локомотива која откако ја купи лиценцата на пехчевскиот второлигаш, во есенскиот дел ќе настапува под…
Со натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Победа денеска почнува третото коло во Првата македонска лига. И двете екипи очекуваат прва победа сезонава, а гостите од Прилеп и првгол, откако по две кола во кам-бекот во Првата лига не ја затресоа мрежата на ривалите. Мечот ќе се игра од 17 часот во Ѓорче Петров, а утре во истиот термин ќе се играат уште четири натпревари. Фудбал, ПМФЛ – 3.коло Денес: 17:00 Македонија ЃП – Победа Утре: 17:00 Силекс – Скопје Академија Пандев – Шкендија Струга Трим Лум – Работнички Тиквеш – Брегалница
Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди потпиша нов договор со „лисиците“. Новиот договор со 35-годишниот фудбалер е до летото 2024 година. На овој начин конечно пропадна можноста тој да се приклучи на тимот на Манчестер Јунајтед. Варди игра за Лестер Сити од 2012 година. Тој е голгетер број 1 во историјата на клубот со 164 гола на 387 натпревари.
Интер го тргна од трансфер листата дефанзивецот Милан Шкрињар откако ја одби официјалната понуда од францускиот гигант Пари Сен Жермен. Претседателот на „Нероаѕурите“, Стивен Жанг, им соопштил на соработниците дека клубот нема интерес да ја продаде својата ѕвезда, а наместо тоа, Интер истражува опции за обновување на договорот со Словакот кој има активен договор до 2023 година. Менаџерот Симеоне Инзаги го гледа 27-годишниот дефанзивец како клучен дел од тимот и ќе има влијателна улога во неговите планови за сезоната 2022/23.
Италијанскиот шампион Милан, сега повторно ги отвори преговорите со Тотенхем за трансфер на Џафет Танганга. Танганга претходно беше на мета на Милан, но имаше врски и со Рома. Разговорите меѓу „росонерите“ и Спарс се повторно отворени, а Милан сака да го ангажира Танганга на позајмица со опција за купување следното лето. Таков договор, пак, не им одговара на лондончани. Но, и покрај тоа што разговорите се враќаат, ситуацијата е иста како што беше претходно и Спарс сакаат само трајно да го продадат дефанзивецот.
Македонската атлетичарка Дрита Ислами денеска на Европското првенство во Минхен се појави во квалификациите на 400 метри со пречки и го освои последното 8. место во својата квалификациска група. Таа истрча време од 1:01,56 минута и на крајот не успеа да се квалификува за пласман во полуфиналните трки на првенството.
Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, по фантастичниот настап на дербито со Барселона на стартот на новата сезона во Ла Лига, сосема заслужено се најде во изборите на најдобрите за 1. коло. Освен во Шпанија, Столе се најде во изборот и за „Тимот на колото“ во ТОП 5 лигите во Европа, како голман со најдобри оценки. Порталот „365Scores“ во објавата на „Тимот на колото“ во петте најсилни европски лиги го стави Столе на голманската позиција и со тоа му оддаде признание за блескавата вечер на „Камп Ноу“.
