Author: saso

Фудбалската репрезентација на Франција има најголеми шанси да го освои светското фудбалско пренство во Катар оваа зима, велат податоците на позната аналитичка куќа „Опта Спорт“. Според нивните статистички проценти, „триколорите“ имаат 17,93% шанси да го одбранат светскиот трон и да го направат она што никој од 1962 година не успеал. На Бразилците им се даваат шанси од 15,73 отсто и тие се втори фаворити за светската круна, додека Шпанците се на третото место на оваа листа на фаворити со 11,53% шанси за најголемиот успех. До петтото место следуваат Англија и Белгија, а интересно Германија има само 7,21% шанси за светската…

Read More

Новиот тренер на Валенсија, Џенаро Гатузо сака да донесе двајца играчи на Милан во својот нов тим. Поранешниот играч за врска на „росонерите“ ги ставил на списокот на посакувани Тиему Бакајоко и Саму Кастиљехо, кои не се главни фигури во составот на Пиоли на „Сан Сиро“ и се очекува клубот да прифати разделба со нив. Интерес за Кастиљехо има и од Севиља, а Бакајако кој е во сопственост на Челзи не е во плановите ниту на Томас Тухел и ќе мора да бара нов тим.

Read More

Третата рунда од Европското првенство за возила со ТЦР хомологација се одржа на легендарната патека Спа Франкоршамп, каде што Виктор Давидовски отпатува како победник од претходната рунда возена на Пол Рикар. Но, за разлика од убавиот расплет на трката во близина на Марсеј, на ова гран при во Арденските шуми ништо не одеше во корист на македонскиот возач. – Нема поента во жалењето за пропуштените шанси, но поука треба да биде извлечена! За разлика од патеката во Франција, на патеката во Белгија не се чувствував како да имам искуство: минатата година ја пропуштив трката, пред две години возев на дожд,…

Read More

Анхел Ди Марија речиси сигурно во наредните денови ќе стане играч на Јувентус. Аргентинското крило мора да одговори на понудата на „бјанконерите“ до крајот на неделата. Се очекува поранешниот играч на ПСЖ да потпише договор на 1 година. Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри сака да го има искусниот Аргентинец во својот тим.

Read More

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, со победата на синоќешното Гран При на Канада по 67-ми пат се искачи на подиумот во Формула 1. Според овој индикатор, Верстапен се израмни со Валтери Ботас, кој претходно возеше за Вилијамс и Мерцедес, а сега за Алфа Ромео. Макс и Валтери се изедначени на деветтото место со најмногу подиум во историјата на шампионатот. Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој заврши на третото место во Монтреал, го освои својот 184-ти подиум и останува на чело на листата пред Михаел Шумахер (155) и Себастијан Фетел (122).

Read More

Екипата на Жирона се врати во Ла Лига откако синоќа го совлада Тенерифе со 3-1 и обезбеди промоција во елитата за следната сезона. По натпреварот, уругвајскиот напаѓач во дресот на Жирона, Кристијан Стуани се обиде со зборови да ги искаже чувствата за промоцијата на својот тим. „Чувствувам радост која е необјаснива. Во моментов се појавуваат толку многу спомени. Толку многу жртвувавме и се обидувавме повторно и повторно. Сега конечно сме тука и ја постигнавме нашата цел. Не можам да не му се заблагодарам на клубот и на моите соиграчи“, рече тој. Жирона нема играно во Ла Лига од сезоната 2018/19.

Read More

Македонските одбојкари со победа над Унгарија со 3-2 во сетови (25-22, 18-25, 25-15, 19-25 и 15-7) го освоија бронзениот медал на Ф4 турнирот од Европската сребрена лига 2022. По голема борба, нашите одбојкари и оваа година потврдија декане случајно се меѓу најдобрите европски селекции. Во првиот сет беше забележана голема борба меѓу одбојкарите на двете репрезентации, но сепак во завршницата подобри беа Македонците со 25-22. Унгарија доминираше во вториот сет и не ѝ дозволи на Македонија во ниту еден момент да го преземе водството, па го доби сетот со 25-18, додека нашите одбојкари во следниот сет вратија со иста мера…

Read More

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски, кој беше номиниран за најдобар голман оваа сезона во Лигата на шампионите, ќе остане во дресот на Порто и во следните две сезони. Како што потврди клубот, тој ја продолжил соработката со „змејовите“ до 2024 година. Митревски е несомнено еден од најдобрите голмани во Европа во моментов, па Португалците не размислуваа премногу пред да му понудат нова соработка.

Read More

Садио Мане официјално ќе стане играч на Баерн (М) на почетокот на следната недела. 30-годишниот играч за врска во вторник ќе одлета за Германија, ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор со клубот од Минхен. Претходно стана јасно дека Ливерпул ќе го продаде Сенегалецот за 32+9 милиони евра.

Read More

Монако денеска објави дека се разделува со искусниот шпански фудбалер, Сеск Фабрегас. Договорот на 35-годишниот Шпанец истекува овој месец и нема да биде обновен. Фабрегас одигра 68 натпревари за Монако откако пристигна од Челзи во 2019 година. Навивачите на тимот ќе го паметат со неговата брилијантна партија против Пари Сен Жермен во ноември 2020 година. Минатата сезона, поранешниот играч од средниот ред на Арсенал и Барселона му помогна на тимот да заврши на третото место. Сепак, имаше сериозни проблеми со повредите, пропуштајќи ја првата полусезона.

Read More