Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ќе загуби 10 позиции на стартот на трката за ГН на Канада.
Леклер ќе добие и парична казна во врска со замената на електронската контролна единица на неговиот болид – што ќе доведе до пречекорување на дозволениот број елементи за сезоната.
Леклерк беше принуден да се повлече од Големата награда на Азербејџан поради дефект на моторот. Во пресрет на првиот тренинг во Канада, ФИА потврди дека Ферари ги заменил генераторите ICE, MGU-K и MGU-H, како и контролната единица за електроника на болидот на Леклер.

