Author: saso

Англиските медиуми денеска информираат дека Садио Мане, наводно, го известил клупското раководство дека летово сака да си замине од „Енфилд“. Со тоа се потврдуваат шпекулациите дека Сенегалецот кариерата ќе ја продолжи во некој од заинересираните европски гиганти, а во прв ред се Реал (М) и Баерн (М). Мане им рекол на првите луѓе во Ливерпул дека сака нов предизвик. Договорот на Сенегалецот со „црвените“ истекува во летото 2023 година.

Read More

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, имаше уште една причина за славење откако неговиот тим синоќа ја освои Лигата на шампионите. 36-годишниот ветеран потпишал нов договор со „кралевите“, тврди новинарот Фабрицио Романо. Информациите велат дека играчот од средниот ред веќе потпишал едногодишен договор, а веста и официјално ќе биде објавена во наредните денови. Модриќ веќе има пет трофеи во Лигата на шампионите.

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по поразот во финалето на ЛШ изјави дека тимот имал фантастична сезона и покрај неуспесите во Лигата на шампионите и Премиер лигата. „Да, работите не се случија како што сакавме, но ние продолжуваме по нашиот пат. Ќе се обидеме повторно да се бориме за пехарот. Имавме фантастична сезона и се надевам дека момците ќе го ценат тоа“, изјави германскиот специјалист.

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оствари уникатно достигнување во Лигата на шампионите со победата над Ливерпул во финалето синоќа. Италијанецот стана првиот тренер кој двапати го освоил трофејот со повеќе од еден клуб. Анчелоти освои два пехари во Лигата на шампионите со Милан (2003 и 2007 година) и сега со Реал Мадрид во 2014 и 2022 година. Анчелоти е првиот тренер во историјата кој четирипати ја освоил Лигата на шампионите. „Мора да уживаме во оваа неверојатна сезона. Никој не го очекуваше тоа. Дури и јас не очекував. Секогаш ќе бидам благодарен на овој клуб и на овие играчи“, изјави…

Read More

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа беше еден од хероите за својот тим во победата од 1-0 над Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите. Белгискиот голман се истакна со неколку клучни интервенции на средбата. „Никој не можеше да не спречи да дојдеме до титулата денес. Беше луда ноќ! Не ми се верува! Неверојатно! Повторно им покажавме на сите кој е крал на Европа. Вчера на прес-конференцијата кажав дека кога Реал игра во финалиња, ги победува. Морав да победам во финалето, за целата моја кариера, за почитта што ја немав во Англија“, изјави голманот.

Read More

Шесткратниот светски шампион во Мото ГП шампионатот, возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, најави дека следната недела ќе мора повторно да ја оперира десната рака, поради што најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната. “Ќе одам на операција следната недела. Се чувствувам многу непријатно. Оваа сезона сфатив дека не уживам, многу патам, не можам да возам како што сакам“, изјави Маркез во пресрет на Италијанското ГП. „Немам идеја како ќе мине се, тоа ќе го кажат лекарите по операцијата. Ќе помине долго време, се разбира, но време е да се направи тоа“, рече Маркез на прес-конференција, нагласувајќи дека неговата цел е…

Read More

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, го продолжи договорот со клубот. Како што објави утрово весникот „Кориере дело Спорт“, 63-годишниот стратег потпишал договор до 2025. Официјалното соопштение се очекува наскоро. Во сезоната 2021/22 „римските орли“ го зазедоа петтото место и обезбедија пласман во Лигата на Европа. Според изворот, Сари ќе зема плата од 3,5 милиони евра годишно.

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација утрово отпатува за Романија каде утре од 14 часот ќе го одигра и вториот натпревар од новото издание на Европската сребрена лига. По триумфот над БиХ во Скопје, избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ ги чека веројатно и најтешкото гостување против репрезентација која како и ние се надева на првото место во групата. Во рамките на 2. коло во нашата група утре БиХ на домашен терен ја пречекува Албанија.

Read More

Арсенал ќе се обиде да доведе две засилувања од шампионот Манчестер Сити. По трансферот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд на „Етихад“, стана јасно дека Габриел Жесус ќе го напушти тимот на „граѓаните“. Интерес за него веднаш покажале „топчиите“. Менаџерот на лондонскиот клуб Микел Артета е заинтересиран и за бекот Александар Зинченко, со кого исто сака наскоро да почне разговори за соработка.

Read More

Емирот на Катар инсистира на клупата на ПСЖ да го види Зинедин Зидан. Според новинарот Фабрис Хокинс, Тамим бин Хамад Ал Тани во моментов е заинтересиран единствено замо за Зидан, кој оваа сезона е без работа. Тој прави планови како да го убеди Французинот да седне на клупата на парижани, но засега разговорите не се во најдобра позиција, затоа што екс-тренерот на Реал (М) не искажува заинтересираност да го преземе францускиот првак, особено не откако на директорската позиција се најде Луис Кампос.

Read More