Италијанецот Франческо Бањаја е победник на денешната трка за Големата награда на Италија во Муџело во рамките на Мото ГП шампионатот. Бањаја славеше пред Фабио Квартараро, а трет заврши Алеш Еспаргаро.
Актуелниот шампион Квартараро со пласманот на второто место ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на Еспаргаро на девет бода.
Четвртото место го освои Зарко, додека петти беше уште еден Италијанец, Безеки.

