Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Голден Стејт е прв финалист во НБА лигата
    NBA

    Голден Стејт е прв финалист во НБА лигата

    sasoBy saso27/05/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарите на Голден Стејт се првите патници во големото финале на НБА лигата, откако на домашен терен го победија Далас со 120:110 и со тоа славеа со 4:1 во финалната серија на Западната конференција.

    Најефикасен во тимот од Сан Франциско беше Клеј Томпсон со 32 поени (осум тројки), до дабл-дабл учинок дојде Ендрју Вигинс со 18 поени и 10 скока, а Дрејмонд Грин додаде 17 поени.

    Стеф Кари беше прогласен за најкорисен играч во финалната серија на Западната конференција, со просек од 23,8 поени, со 7,4 асистенции и 6,6 скока.

    Во тимот на Далас најдобар учинок имаше Лука Дончиќ со 28 поени, девет скока и шест асистенции, Спенсер Динвиди додаде 26 поени, додека Доријан Фини-Смит постигна 13 поени.

    Голден Стејт во текот на целиот натпревар беше во водство, а најголемите плус 25 (87:62) ги имаа во третата делница. За „Вориорс“ ова е шесто НБА финале во осум сезони. На тој начин го израмнија рекордот на Чикаго Булс, кои предводени од Мајкл Џордан тоа го направија во периодот од 1991 до 1993 и 1996 до 1998 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Драгиќ се договори со Чикаго

    04/07/2022

    Јокиќ потпиша рекорден договор

    01/07/2022

    Хрватот ќе остане кај Клиперси

    29/06/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин е во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон
    • Македонија поразена од Србија во битка за бронзениот медал на МИ во Алжир
    • Решено е: Ибрахимовиќ останува во Милан уште една сезона
    • Бергвајн на медицински прегледи па трансфер во Ајакс
    • Нуњез е најдобар играч во португалската лига за минатата сезона
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.