Организаторите на трката за Големата награда на Азербејџан најавија дека сакаат натпреварувачкиот викенд во Баку да вклучи и саботна спринт-трка следната година.
Форматот на спринтерски трки сè уште не е типичен за Формула 1 – квалификациите се одржуваат во петок, во сабота е спринтот на 100 километри, а во недела – класичната трка.
ФИА го запре зголемувањето на спринтовите, но планот на Ф1 е бројот на вакви трки од три да се зголеми на шест. Минатата година имаше спринтерски натпревари во Силверстон, Монца и Интерлагос, а оваа сезона првата мина на Имола, а следуваа спринтовите на Ред Бул Ринг и Интерлагос.
Шефот на патеката во Баку, Ариф Рахимов, најави дека сака да има спринтерска трка во Азербејџан, бидејќи овие трки обезбедуваат „многу повеќе акција“ за навивачите.
