Њу Орлеанс го победи Феникс на гости со 125:114 и да израмни на 1:1 на стартот на плеј-офот во Западната конференција. Гостите, кои беа осми во регуларниот дел од пласманот на Западот успеаја да направат изненадување совладувајќи го најдобриот тим во првиот дел од сезоната. До победа Пеликанс беа предводени од Брендон Инграм со 37 поени.
Кошаркарите на Мајами синоќа славеа на домашен терен против Атланта со 115:105 и со тоа поведоа со 2:0 во првото коло од плеј-офот на Источната конференција. Мемфис на домашен терен ја совлада Минесота со 124:96 и со таа победа израмни на 1:1 во плеј-офот од Западната конференција. Најефикасен во домашниот тим беше Џа Морант со 23 поени, 10 асистенции и девет украдени топки.