Првата ѕвезда на Феникс Санс, Девин Букер, мораше предвреме да го заврши синоќешниот дуел со Њу Орлеанс поради повреда. Тој ја повреди десната тетива и не се знае дали ќе може да настапи на третиот меч од серијата која во моментов е на 1:1 по првите две средби на теренот на Санс.
Букер го напушти теренот на 4:35 минути до крајот на третата четвртина. Тимот подоцна објави дека тој нема да се врати во игра, но не се знае каква е сериозноста на повредата и колку долго ќе отсуствува од терените.